28.01.2023

Мицкоски: Во Гази Баба се реализира се што е ветено, со општинската обврзница ќе можат да се реализираат нови проекти, повеќе од тоа што е ветено на изборите

Почитувани,
Како и секогаш така тука денеска во општина Гази Баба не можам да го скријам задоволството од реализирањето на она кое што е ветено во кампањата на локалните избори.

Градоначалникот на Гази Баба кажа кои се сите проекти кои што денеска ќе ги посетиме, но исто така во периодот кој што следи ќе има и многу други проекти кои што се дел ветени, но бидејќи полека но сигурно се исцрпува она што е ветено бидејќи веќе е голем дел од тоа реализирано, има проекти кои што не се ветени а сепак ќе бидат реализирани бидејќи се потреба на граѓаните за подигнување на нивото и квалитетот на живот овде во општина Гази Баба.

Јас на Боби му честитам за посветеноста, храброста за трудот, за чесното и одговорно работење, и на администрацијата која што е дел од општина Гази Баба исто така за посветеноста и енергијата која што ја вложува со минимални услови кои што ги имаат на располагање и покрај сите опструкции кои што доаѓаат од страна ана владата и институциите кои се дел од владата сепак ветеното да го реализираат.

Во таа насока информиран сум дека и процедурата за издавање на општинската обврзница овде во Гази Баба е завршена и се надева дека на почетокот од оваа 2023та година Ковачевски и останатите во владата на ДУИ поддржана од СДС ќе им имаат барем малку чувство за граѓаните на општина Гази Баба и нема да го опструираат овој процес, бидејќи тоа е начин да се обезбедат дополнителни средства за да може да се реализираат дополнителни проекти. Проекти кои што ќе значат поквалитетен живот на жителите овде во Гази Баба. И апелирам до владата да излезе во пресрет, со носење на формалната одлука. За жал формалноста вели така да мора на крај да помине тоа на седница на влада, да ја стават на седница на влада и да дозволат да помине таа процедура за да може општина Гази Баба да реализира и повеќе проекти во оваа година, па во следните години од мандатот на Боби и оваа администрација да можеме да реализираме и повеќе од тоа што сме ветиле во кампањата за локалните избори во 2021 година.

Сосема на крај уште еднаш ќе ми дозволите да им честитам за ова што го работат во општина Гази Баба и да ги охрабрам со несмалено темпо во периодот кој што следи да ги реализираат проектите кои што преостанаа во програмата од локалните избори во 2021 година. Но, и да реализираат проект повеќе кој што не бил ветен, а кој што значи поквалитетен живот за граѓаните овде во општина Гази Баба.