Почитувани,
„Во мало место не дај боже да се разболиш”, е главната забелешка во Македонија, а Кочани не е исклучок.
Граѓаните вон Скопје имаат ограничена здравствена заштита, но и големи пропусти, а тоа го потврдува и статистиката, но и податоците од СЗО. Владата, наместо да инвестира во болницата во Кочани и да создаде услови да се намине принципот „УПАТ ЗА СКОПЈЕ”, продолжува со нефункционални инвестиции во облик на лимени бараки во болничкиот двор.
Поразителен е фактот што кочанската болница која опслужува 120.000 граѓани кои гравитираат во овој регион да работи со само еден гинеколог. Со ова државното здравство се откажува од овие пациенти и истите бараат спас во приватните клиники ширум државата, а надвор од Кочани.
Ваквиот однос значи негрижа за жените, но и негрижа за бебињата, негрижа за наталитетот и за иднината на државата.
Воопшто не е поразлична сликата ниту во другите здравствени сектори.
Секој заслужува квалитетен и навремен здравствен третман.
Докторите, но и останатиот медицинскиот персонал даваат се од себе, но потребен е вистински однос од државата.
Почитувани,
Никогаш не било полошо, време е да се стави крај на негрижата, време е да се свртиме кон една реална грижа за здравството и за заштитата, време е да ги поразиме лошите и неодговорни политики.
Линк од ФБ објава на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: