За жал почитувани граѓани, битолскиот затвор не е единствената институција, раководена од СДС, која се наоѓа во хаос и безредие!
Денешната прес-конференција по Ваше барање и инсистирање е адресирана до директорот на битолската Клиничка болница, Александар Обедниковски.
И тој, како носител на јавна функција во витална институција треба јасно и гласно да одговори што се случува со бројот на дежурствата на лекарите и дали неговите се двојно побројни од четирите дежурства месечно за обичните лекари смртници?
Дали предвреме ја исплатил телефонската централа, пред да биде ставена во функција?
Дали е точно дека по свое наоѓање, а под заштита на заменик министерот, негов сопартиец, Рендевски, им ги намалил платите на лекарите?
Дали е точно, дека како директор недолично и дрско се однесува кон своите колеги и им се заканува дури и со обезбедувањето?
Директорот Обедниковски, исто така, граѓаните го прашуваат колку кратно го зголемил долгот од 22 милиони?
И конечно, граѓаните ги интересира, колку народни пари тежи неговиот потпис – во категоријата РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА?
Болницата се распаѓа, а Обедниковски, како неговата претходничка е носител на хаосот, трошењето и импровизацијата во менаџирањето со Болницата.
Пораката од граѓаните е иста како до неговиот партиски локален шеф, Крајовски. Таа гласи: оди си, доста е!
А, институциите и за овој случај јавно ги повикуваме, да реагираат по допрен глас и конечно да почнат сериозно да си ја работат својата работа!