27.02.2024

Кoтевски: Ова не шоуто „преживување“ живи луѓе се во прашање

Почитувани, што доби Битола од оваа коруптивна, криминална, предавничка и тотално неспособна власт?
Милионски тендери во РЕК Битола на фирми на СДС и ДУИ, поскапа струја и можност околу три илјади луѓе да останат без работа !
Со оваа власт, предводена од ДУИ и нивниот чирак, СДС, најголемиот хаос, директно на грбот на граѓаните е сиромаштијата.

Добивме 50 проценти зголемување на екстремната сиромаштија, а само една четвртина од граѓаните можат едвај да преживеат.
И ова не е обична забелешка и впечаток на ВМРО ДПМНЕ, туку податоци од спроведени истражувања и последици кои секој од нас секој ден ги чуствува.
Трендот на сиромаштијата, за жал, екстремно расте, а причината е незнаење и неспособност, криминал и корупција во прво лице на СДС и ДУИ.
Ништо не оставија и од темел ја разрушија државата.
Очигледна е нефункционалноста на институциите, секој ден се поголем е распадот, а најочигледно и најпотребно, повеќе од секогаш, е нивното заминување од власт и спасување на градот и државата.
Промените мора да се случат, зашто овој пат, буквално голиот живот е во прашање.Во Македонија е тотален хаос, имаме нефункционални институцции, со право народот вели дека немаме држава.

Ова не е шоуто ПРЕЖИВУВАЊЕ, станува збор за реални, живи луѓе.
Никогаш не било полошо!

Важно е заедно да ги поразиме!

Важно е државата повторно да биде на граѓаните !

https://www.facebook.com/share/v/A4cSRMaPSeodV5sS/?mibextid=oFDknk