02.02.2023

Коњановски: Оваа година во Битола ќе се реализираат над 65 проекти во вредност од над милијарда денари

Почитувани,
Дозволете прво добредојде да посакам на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тој денес е во работна посета на Битола, на локалната самоуправа, едноставно да разговараме, да се видиме за она што не очекува во оваа година, за проектите кои ги планира локалната самоуправа. Она што го презентирав и за што разговаравме се обемната програма која ја изготвивме и за оваа година, значи продолжуваме во исто темпо, по мене ударно темпо со кое Битола повторно ќе биде наше поле на работа, за добробит секако на граѓаните. Оној континуитет кој го имавме во изминатата година го продолжуваме уште посилно. Во текот кога ги изработувавме проектите од минатата година, паралелно се работеа  проекти за оваа година, значи преку 65 проекти се веќе готови во вредност тоа го спомнав веќе од 1 милијарда денари. Но она кое конкретно го презентираме, тоа се ќе започнам во делот на инфраструктурата преку 40 улици кои планираме да се изработат и тоа најголемиот дел со комплетна инфраструктура. Значи во делот на тој економски развој, тоа е некоја вредност од некои 7.2 милиони евра, обемна активност. Освен во делот на инфраструктурата, едно од поголемите проекти се индустриска улица која е клучна можеби дестинација која ќе биде заобиколница за градот, нова.
Потоа продолжуваме со работите на инфраструктурата и на дооформувањето на паркот, површината на паркот, готово е идејното решение и проектот се изработува за противпожарната, зградата за противпожарна заштита, со прифатилиште за бездомни животни, дел го решаваме проблемот, граѓаните се веќе сведоци дека пополека сигурно имаме веќе склучено со оператор, меѓутоа  продолжуваат работите со подобрување на временски услови и на изготвувањето да речам, дооформувањето прво на надворешниот дел, меѓутоа и на самиот објект на самото прифатилиште, голем проект велам кој општина Битола се надевам дека во идните години, не веднаш ќе може да ги реши проблемот.
Идејното решение за спортскиот комплекс го имаме. Тоа е голем проект кој чини многу, за тоа ќе се потребни дополнителни средства, бараме начин, еве се консултираме заедно и со луѓе кои добро ги разбираат финансиите, како ќе оди тој проект.
Велам обемна една програма која нема да запреме. Сега бевме на увид на дел од активностите кои се завршени и кои ги изготвивме,  дел се уште во доработка и не се дооформени, така да не чека многу работа.
И почнуваме еве деновиве само да напоменам дека овој период после новогодишниве празници ги посетуваме стопанствениците од градот, многу битен елемент имаме одлична соработка со регионалната стопанска комора. Поддршката наша ја имаат во секој момент и тие го чувствуваат во делот на тој дел, на брзината на реализирањето на нивните барања и изготвување на решенија за градба, дозволи за градба. До крајот негде на месец април ќе биде комплетно пуштен ГИС системот и комплетна електронска обработка на сите податоци кои граѓаните ги аплицираат, така да со клик ќе можат многу работи кои досега се чекаа по два – три месеци да се решаваат. Така да убеден сум и велам соработката е одлична со стопанството во градот, се запознаваме со сите субјекти кои се тука, со нивните активности, нивните маки кои ги имаат и во барањето едноставно на работна сила која недостасува веќе во градот. Така да велам тоа би било накратко се она што го планираме, обемна е целата програма која ја планираме.