25.07.2023

Коњановски:Битола е вистинско градилиште, се работи на 15-тина локации, се уредува Офицерскиот дом, се изведува паркинг простор, се градат улици, треба сите заедно да работиме за градот

Пред се дозволeте да кажам добредојде на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој еве зачести да не посетува во Битола. Тоа секако зборува и за поддршката која ни ја дава и за поддршката која Битола како град ја заsлужува и ќе ја има од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Да кажам дека почитувајќи ги мерките и препораките на владата и на Министерсвото за здравство се придржуваме до активностите на терен, Битола деновиве и целиот период изминативе месеци е вистинско градилиште. Во една рака им се извинувам на граѓаните што мора тоа, меѓутоа тоа се фази кои мораме да ги поминеме заедно. Да напоменам дека на 15-тина локации во моментот се работи, почитувајќи ги тие препораки кои ги дава министерството.Се наоѓаме на потегот на Офицерскиот дом, фактички зборуваме за партерно уредување на некои 2.100 квадрати кои ќе ја доформат целата структура на Офицерскиот дом, ова култно место овде за Битола и битолчани, инвестиција вредна над 20 милиони денари, со ново осветлување, со одвов, со надовнување, со сето она што значи партерно уредување на овој простор.Бевме заедно со претседателот и со директорите на јавните претпријатија кои учествуваат во градбата и во изведбата на паркинг просторот пред спортската сала „Боро Чурлевски“, знаете тој објект е изграден 1975 година, некогашна спортска сала „Младост“  со самопридонес и оттогаш датира и паркингот кој е на тоа место. Ова локална самоуправа, велам со помош и на јавните претпријатија и на изведувачи го актуелизираа и ќе го комплетно ревитализира тој паркинг простор  кој го изведуваме со нови 245 места за буквално сите структури на возила и корисници на услугите со нов влез од другата страна.Влеговме и во спортскиот објект, дел заедно со јавните претрпијатија каде се вршат припремите за шампионатот и нашата гордост „Пелистер“ кој во септември месец фактички започнува натпреварите во лигата за шампиони.Да напоменам дека само пред неколку дена бевте сведови улица Зборска се асфалтираше, за ден два очекуваме овие временски прилики малку и да стивнат температурите ќе се асфалтира СРУ во касарната, тоа е комплетно нова пробиена улица која според планската документација предвидена.Се работи, да кажам она што не само во градскиот дел, него во руралните средини знаете Лажец, Егри, Логоворди се места во кои прв пат посе толку години се направија краци, нови краци, нови улици на добробит и секако на селаните и граѓаните на тој дел на Пелагонија кој тоа го бара секако тврдејќи дека тој начин да останат во нивните места.Се работи истовремено и на новиот парк во Нова Битола, таму нискоградба, водовод, Комуналец е влезено исто како што овде да го оформат, веќе се гледат на новата паркова содржина која е тука.Драгорска ни е исто отворена улица која се работи е при крај изведбата. Се работи исто така на локацијата на населбата Недопирливи, таму се 10 улици, скоро 2 километри или вкупно досега да напоменам дека во овој изминат период повеќе од 5 километри на патна инфраструктура  се направени.Да кажам дека и во делот на туризмот повторно сакаме, Битола да го добие она место, знаете деновиве и овој месец изминат, Битола е како во улиште , премногу туристи, нашата дијаспора е дојдена во масовен број годинава, после ковид кризата  и луѓето наоѓаат свој интерес да дојдат Битола, да инвестираат во Битола. Битола е живо место. Кога почнав за туризмот да наговестам дека еве има копанки, се работи во склоп на условите и на временските прилики кои таму се на ревитализација, зборуваме каде помагаме и на спортскиот клуб, планинарското друштво Пелистер, да се оформи тој објект конечно кој многу значи за битолчани.Се и уште многу други работи кои секако се отворени на терен, ќе продолжиме исто така во текот на целата година. Она што го најавивме се работи за патна инфраструктура преку 25 километри, која треба да ја изведиме до крајот на година и тоа ќе го направиме. Се надевам дека и приликите во Советот на општината ќе се средат онака како што трева, на добробит на граѓаните и тоа е апел до сите, да работиме заедно за градот, зошто за тоа сме дојдени овде.