30.08.2022

Костовски: Самохраните родители и корисниците на социјална помош нема да плаќаат партиципација во детските градинки за своите деца

ОСЛОБОДЕНИ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ГРАДИНКАТА ЗА ДЕЛ ОД РОДИТЕЛИТЕ
Денес на мој предлог, а од страна на советот на Општина Бутел беше изгласана одлука со која се ослободуваат од плаќање родителите корисници на социјална помош и самохраните родители.
Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемите сметки и зголемените трошоци за живот Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат на најзагрозените фамилии.
Ова е уште една мерка од низата социјални мерки со која се помага на родителите.

Со низа проекти ќе се обидеме да ги ублажиме ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓа Република Македонија.
#ОпштинаБутел

https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel/posts/pfbid0oRUMspZhwwAo66hcrcG1pHn2ukWhAvswD2VXh6dnY1qBgk14cfCWcfhMfnWSiUiWl