26.11.2023

Костовски:  До првото тримесечје од пролетта која што доаѓа ќе стигнеме до 100% реализација од програмата за секое населено место

Околу илјада луѓе посетивме дома пред изборите и заеднички ја проектиравме нашата програма која што се состои од два дела, а тоа е еден дел со носечки проекти кои што ги има 11 на број и вториот дел за секое населено место посебно ко што слободно можам да речам дека во 90% се реализирани. Некаде првото тромесечје од пролетта која што доаѓа ќе биде 100%, зборувам за оној втор дел,  а во однос на носечките проекти од 11, седум се или завршени или веќе започнати од коишто 4 се директно врзани да ги реализираме со централната власт за коишто сум сигурен дека барем три од тие четири ќе завршат до крајот на мојот мандат и со тоа можеби ќе добиеме една реализација од 100% или близу 100% што е навистина е нешто што ме прави мене горд и секако и мојот тим, а се надевам и граѓаните на општина Бутел, истакна градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на денешната дебата на тема „Локален економски развој“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ кој е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените.“

Костовски додаде дека голем број на проекти зависат и од централната власт, но од самиот почеток беше јасно дека не може да се смета на неа.

„Од централната власт ни зависат неколку проекти, но не можевме во ниедна смисла да се потпреме на неа. Јас многу добро знаев со што си имам работа и токму заради тоа веднаш од првиот ден, за жал во Бутел малку поспецифично, но покрај тоа што размислував дека треба веднаш да почнеме со реализација на проекти, требаше да се занимаваме со една малце една специфична работа во период од две години ја стабилизиравме. Некако Бутел кога станав градоначалник беше како Чикаго од минатиот век. Хараа одредени банди, криминални групи и токму заради тоа еден од носечките проекти ми беше справување со корупција криминал и изнуда. Внимавајте, не знам дали има некој друг кандидат за градоначалник вакво нешто спомнато, бидејќи многу активно ја следев ситуацијата што всушност се случува во Бутел и затоа не кажав случајно, кога седнав да бидам градоначалник се занимавав со две работи, да се справам со тоа поставувајќи вистински принципи, би рекол вмровски принципи којшто малце ги заборавија во минатото одредени групи, а веднаш потоа да започнеме со реализација на проекти. Ќе се потсетиме сите заедно, верувам ќе се потсетат и останатите, за само 15 дена почнавме да градиме два модерни спортски терени и навистина сум горд заради тоа, а после тоа следуваше една генерално голема спортска револуција“, потенцираше Костовски.

Тој исто така наброја и некои од проектите коишто ги реализирал и како градоначалник е горд на истите.

„Би сакал да споменам сосема на кусо неколку од клучните проекти коишто можеби полесно ќе се одвиваа со поддршка на централната власт, но најдовме сили за една сиромашна општина како Бутел да веќе го започнеме уредувањето на коритото на реката Серава и да се изгради една трим патека, проект којшто ќе чини близу милион евра, изградивме 7 нови паркови, Бутел доби плоштад којшто го носи името „Слобода“, не случајно, бидејќи Бутел се ослободи од одредени криминални структури коишто беа во соработка со претходниот градоначалник. Она што е многу важно е што во финална фаза е изградена градинката во Бутел 1, изградено е основното училиште во Визбегово, на повидок е решавање на еден повеќедецениски проблем, а тоа е водоснабдување на селата Љуботен и Љубанци“, подвлече Костовски и додаде:

„Изградивме два модерни спортско рекреативни центри коишто навистина многу добро изгледаат. Изградивме 11 модерни спортски терени и мислам дека станува збор за многу квалитетно изработени и нема да сокријам, ќе кажам дека голем број од моите колеги ширум Македонија ме консултираа уште од самиот почеток на кој начин се одвива сето тоа. Ова не го кажувам за да се фалам, туку сакам да кажам дека тоа е мојата фела којашто навистина ѝ оддавам посебно внимание. Можеби сме единствена општина на територија на Македонија која што стипендира 60 спортисти директно, а оваа година веќе 100. Сто спортисти мислам дека Агенција за млади и спорт не стипендира толку“.