19.06.2023

Костадиноски со апел до Владата: Посетете ја Општина Јегуновце со надлежните институции за да граѓаните бидат обештетени

Ние како локална самоуправа согласно нашите надлежности постапивме, формиравме денеска комисија која од денес е на терен, ќе бидат посетени секој од домаќинства, секоја земјоделска површина која е зафатена од ова невреме и тие записници ќе бидат проследени во општината и ќе бидат пресметани и поминати на советот со тоа што нашата надлежност и обврска ја завршуваме и ќе бидат после испратени до Владата односно до второстепена комисија која е за обештетување на вакви случаи.

Се надевам и апелирам дека Владата ќе најде можност и време да одвои, да ја посети Општина Јегуновце со надлежните институции како што се министерство за земјоделие, министерство за животна средина, министерството за транспорт или било кој од Владата да дојдат да посетат и самите да видат на лице место што е проблемот и во иднина овие наши сограѓани да бидат обештетени.

Сега е веќе касно за да се пресеат или да се пренаменат земјоделските површини во нешто што можат да бидат искористени не може. Тоа е затоа што како што знаете 20ти јуни и затоа до 20ти јуни никој од нашите земјоделци немаат донесено во своите опремнини или во своите домаќинства по една бала или нема донесено пченката или пченицата која ја посеале бидејќи најмногу се занимаваат со тоа тие земјоделски гранки.

Затоа треба да бидат обештетени и да овој проект односно оваа регулација на речно корито на Вардар да биде што побрзо реализиран во Општина Јегуновце и нашите сограѓани жители од овие населени места им биде решен овој децениски проблем во Општина Јегуновце.