3000 денари паричен надоместок за секое прваче!
По донесувањето на одлуката на Советот на Општина Велес за паричен надоместок за секое прваче со ребаланс на буџетот ги обезбедивме потребните средства за околу 500 првачиња од Општината. По завршувањето на сите административни процедури средствата ќе бидат на располагање на сметките на родителите најдоцна до среда.
Продолжуваме посветено! Инвестирањето во децата е инвестирање во нашата иднина!