19.04.2024

Ковачки: Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ

Вчерашниот митинг во Охрид покажа дека народот е подготвен и обединет за промени. А ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обедини сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, и сите граѓани на Република Македонија.

Ќе ја собориме оваа ненародна и криминална власт на ДУИ и на СДС.

Почитувани граѓани,

Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка.

Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани.

Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитовната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите.