06.05.2024

Ковачки: За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена

Почитувани, 

За два дена од денеска, во среда се гласа. 

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво. 

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство. 

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните. 

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.