06.04.2024

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ има план и визија, пензионерите ќе добијат по 5.000 денари линеарно покачување, 800 милиони евра ќе се вложат во земјоделието, граѓаните масовно да излезат на избори

Почитувани,

Како што нашиот градоначалник во Свети Николе две и пол години гради, така ќе работи идната централна власт, односно владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Овде се гради со визија, со стратегија со план и тоа граѓаните го чувствуваат.

Денеска ќе оствариме средба и со пензионерите и со земјоделците, да ги видиме категориите на граѓани кои беа отфрлени од СДС.

Тука сме да ги понудиме нашите проекти, да кажеме дека по 5.000 денари линеарно ќе ја зголемиме пензијата на сите пензионери и да кажеме дека 800 милиони евра ќе вложиме во земјоделието.

Тука сме да кажеме дека е дојдено времето за промени, тука сме да потврдиме дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде идниот претседател на Република Македонија.

Сите граѓани ги замолувам и повикувам на 24 април да излезат и масовно да се приклучат на промените, да го дадат својот глас за горда Македонија, за твоја Македонија.