05.11.2022

Исков: Власта дојде да прославува 40 години РЕК Битола, а се обврзува да го затвори и за само за четири го донесе во колапс Елетростопанство на Македонија

Прославувате 40 години, а само за четири успеавте да го донесете во колапс Елетростопанство на Македонија и РЕК Битола, и тоа поради криминал, корупција и огромното незнаење и нестручност што ги поседувате.

Успеавте, воопшто да не направите ниту еден рационален потег и да ја превенирате оваа страшна енергетска криза со која се соочуваме. Успеавте, мајсторски и криминално само да го товарите народот со двојно повисоки сметки за струја, а голем дел од стопанските субјекти да ги донесете до работ на капитулација.

Прославувате четириесет години, а се обврзувате дека по четири години ќе го затворите РЕК Битола.

Ова, навистина само вие го можете – несреќно избрана „партиско – музикантска неквалификувана“ дружино. А, честитките за четириесетгодишниот јубилеј исклучиво треба да бидат испратени на ваша адреса за „храброста” и „лудоста” да си играте власт и да се нарекувате менаџерски тимови на ЕСМ И РЕК Битола. Нема бегање од вистината според која секој човек, би требало сам најдобро да се познава.

Оттаму, не е ни чудно што криете од граѓаните какво погонско гориво користите за работа на блоковите, кој е соодносот на јаглен и мазут, кој го контролира и со каков квалитет е мазутот?

Кажете им на битолчани колку го зголемивте загадувањето со замената на јагленот со мазут.

Екоцид – тоа е вашето бандитско „знаење и умеење”.

И еве јубилејно наместо честитка до Вас, самонаречен менаџерски тим, јавно обзнануваме дека ќе поднесеме кривична пријава за безмилосно  загадување на животната средина и крајно неодговорното однесување кон човечките животи.