Почитувани,
Благодарам за интересот што сте тука за да посведочиме за она што сме постигнале за жителите на општина Брвеница. Почитуван претседателе Христијан Мицкоски, почитувани гости со голема радост обзнанувам три големи проекти, реконструкција на улица од 1.223 метри, улица во вредност од 7 милиони денари во село Брвеница, реконструкција на улица од 1.252 метри Поречко мало во село Радионце во вредност од 11 милиони денари и реконструкција на улица 820 метри во село Челопек во вредност од 6 милиони и 200 илјади денари. Дополнително во изминатиот период во цела општона Брвеница имаме реконструирано скоро 10 километри улици со околу 25 милиони денари.
Посветено работиме и во останатите области ќе набројам неколку. Водоводната мрежа ја проширивме за 4 илјади метри, додека канализационата мрежа 3465 метри инвестиравме повеќе од 3 милиони денари. Го уредивме центарот во село Брвеница во вредност од 10 милиони денари, изградивме паркови, игротеки, оплеменивме многу простор за одмор и рекреација, организиравме спортски и културни настани, реновирање на цело основно училиште училници, училишни дворови, спортски терени, помагаме на ранливи категории на граѓани, се грижиме за безбедност во сообраќајот и заштита на животната средина, возниот парк го збогативме со автобус, нов багер, нов камион за отпад и нови камионети. Не прогласија за најтранспарентна општина во Полог. За мене е најважно рамномерен развој на сите населени места и унапредување на квалитетот на животот, а притоа се зачувува позитивниот биланс на општинската сметка и на правните субјекти основани од општината. Вкупно инвестирани средства во општина Брвеница по сите основи се над 100 милиони денари или над милион и 600 илјади евра.
Ветеното во програмата го исполнив повеќе од 80 проценти, а не сум ни на половина од мандатот. Довербата од претседателот Мицкоски и моите сограѓани ја оправдувам со дела кои имаат трајна вредност за општината.













