Денес сме во Ростуше, во општината Маврово Ростуше, во поддршка на нашиот кандидат за градоначалник доктор Мевмед Џафери. На Маврово Ростуше како општина и се потребни промени, промени од две причини. До сега веќе имаше Маврово Ростуше кандидат од страната на СДСМ кој што повторно е нели нивни кандидат и веќе прочитана книга, кој што се споменува во некакви сомнителни поделби на парцели, деградирање на луѓето, поделби.
Зборува СДСМ вчера дека во Маврово Ростуше имало некаков развој како општина, но фактите зборуваат нешто сосема друго, а тоа е дека во двата последователни изборни циклуси за кандидат за градоначалник не можеше да се оствари цензусот од причина што народот од тука се иселува, а во последните 5 години тоа е масовно и токму заради тоа за прв пат два пати по ред ние не можеме да имаме избори кој што ќе бидат успешни.
За разлика од овие погрешни политики, никаков развој и уназадување на оваа општина, ние го имаме како кандидат докторот Мевмед Џафери како што кажав, човек кој што е познат меѓу населението тука, човек кој што е посветен на своите сограѓани, човек кој што е честит, чесен и човек кој што ќе направи се и ќе се посвети на општината максимално. Од таа причина, значи ги повикувам граѓаните на општина Маврово Ростуше да излезат во сабота и да го подржат нашиот кандидат,а тоа е доктор Мевдем Џафери.