Почитувани граѓани,
СДС е веќе 7 години на власт.
Што добивме од оваа криминална, предавничка и неспособна власт предводена од СДС?
Со оваа власт не добивме подобар живот, напротив добивме екстремна сиромаштија.
Актуелната власт е синоним на криминал и корупција.
Сведоци сме на секојдневен хаос на секое поле од тековното живеење.
Добивме зголемена сиромаштија, екстремна инфлација на грбот на нас граѓаните.
Потрошувачката кошничка на едно 4 члено семејство изнесува енормно високи 900 евра.
Трендот на сиромаштија оди во нагорна линија.
Лошиот квалитет на живот и тоа како го чувствуваат граѓаните на општина Крушево.
Општината тоне!
Нашите граѓани денес се борат за гола егзистенција!
ЈП „Комуна“ Крушево моментално ја раководи тотално неспособен менаџмент кој го доведе претпријатието во колапс со вкупен долг од неполни 40 милиони денари. Граѓаните на општина Крушево плаќаат повисоки сметки и се соочуваат со недостиг на вода за пиење и чести рестрикции.
Крушево, град што треба да биде центар на туризмот во Македонија се соочува со катастрофална патна инфраструктура.
Регионалниот пат Битола – Крушево е во многу лоша состојба.
Регионалниот пат Прилеп – Крушево не е реконстуриран повеќе години иако власта во предизборен период милува да се фали за реконструкција од само 5 км.
Станавме единствен туристички град кој остана без директен автобуски превоз до главниот град на државата.
Развојот на туризмот стагнира, а лошата состојба на регионалните патни правци е една од најголемите причини што туристите ја ставаат во втор план посетата на Крушево.
Нашиот град се соочува со нерешен паркинг простор.
Крушево, градот што треба да биде синоним за туризам е со непроодни улици од неисчистен снег во зимските месеци.
Културата во Крушево е целосно занемарена. Не постои културно уметничко друштво преку кое ќе се негува културната традицијата на градот.
Проектот „Крушево Етно град“, манифестацијата со која градот имаше културолошки и економски бенефит привлекувајќи внимание од светски рамки беше укинат од оваа власт.
Локалниот младински совет исто така е укинат од локалната власт, а со тоа згасна нивниот проект „Крушево будно“.
Културно историските споменици „Македониум“, галеријата „Никола Мартиноски“ кои се симбол на нашиот град се во лоша состојба, а музејот на НОБ не функционира односно се користи како магацински простор.
Масовното иселување на младите луѓе е доволен доказ за немањето перспектива во нашата општина.
Сведоци сме на најголемата стапка на иселување од градот на цели фамилии!
Станавме град во кој училиштата се со испразнети училишни клупи и постоење на паралелки со 5 ученици.
Крушево е град каде нема отворено ниту едно работно место во приватниот сектор.
Во индистриската зона „Опаленик“ функционира само еден индустриски објект донесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така Крушево е град во кој спортскте клубови изумираат и селективно добиваат симболична финансиска помош од општинската каса.
Општината не вложува во развој на алтернативни спортови иако има сериозна заинтересираност за истите.
Секојдневно се соочуваме и сведоци сме на нефункционалноста на институциите.
Граѓаните во Крушево се соочуваат со недостаток на основни медицински апарати и реагенси за основен медицински преглед.
Причината за овој хаос е незнаењето и неспособноста на власта предводена од СДС. Крушево е опустошено до темел.
Овај хаос мора да запре.
Овај распад на системот мора да го спречиме и тоа ние граѓаните.
Никогаш не било полошо.
Повеќе од било кога неопходни се промени!
Промените мора да се случат на следните парламентарни и претседателски избори!
Важно е заедно да ги поразиме!
Важно е да си го вратиме градот!
Важно е да си го вратиме достоинството!
А, најважно од се е да си ја вратиме државата!
Граѓаните на оваа држава заслужуваат подобар живот!
Само Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да донесе реформи и подобар живот.
ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор кој со кадарни, способни и чесни луѓе може да ја води Македонија по вистинскиот пат.