06.03.2024

Гоцевски: СДС и ДУИ да заминат за ТИРЗ Делчево да заживее

Почитувани,

За оваа запуштена и заборавена локација зад мене од страна на функционерчињата на СДС во Делчево да заживее, потребно е оваа власт да замине. 

За да на Делчево му тргне на подобро, треба да дојдат нови луѓе кои се подготвени да ја вратат надежта за делчевчани.

Се наоѓаме на лице место кај ТИРЗ Делчево каде можете да забележите дека овде времето застанало во 2017 година кога беше изградена дел од базичната инфраструктура за оваа развојна зона.

Ги нема погоните за производство од лесната и незагадувачка индустрија, ги нема објектите за сервисните дејности кои насекаде низ Европа се развиваат само кај нас се мисловна именка, ги нема стовариштата и магацините за потенцијалните дистрибутивни центри предвидени во деталниот урбанистички план за ТИРЗ Делчево.

Она што може да се види е прав и пепел…

Ги нема „бога ми“ и младите!

Тоа е наследството на делчевчани од катастрофалното владеење на СДС и нивните газди ДУИ во Делчево.

За да донесеме над 1000 нови работни места на оваа стратешка локација за иднината на Делчево и целиот регион потребно е СДС да биде убедливо поразен на изборите кои доаѓаат.

Почитувани, 

Изборите се излез од оваа агонија! Најпрво на 24-ти април а потоа и на 8-ми мај сите заедно обединети со моќта на пенкалото да ја испратиме оваа ненародна власт на буништето на историјата.

Линк од ФБ објава на Иван Гоцевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево: