Ми претставува чест и задоволство што денеска заедно со нас на многу локации низ општина Илинден беше нашиот претседател и иден мандатар и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски. Поминавме многу локации, презентиравме многу проекти кои изминатиот период локалната самоуправа се потруди да ги оствари. Го запознавме со нашите секојдневни проблеми како општински комитет, како партија, како општина, а направивме и некои преодни листи за потребите на општината, идни проекти кои што би се реализирале во наредниот четиригодишен мандат со поддршка на централна власт. Општина Илинден и со свои средства ќе продолжи да работи, да гради заедно со вас граѓаните, сите заедно и обединети, истакна Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден во денешното обраќање пред граѓаните во рамките на акцијата Важно е! Од тебе зависат промените.
Георгиевски укажа дека само со сплотеност, обединетост ќе и се помогне на Република Македонија да издвојува победа која што ќе значи многу и за државата и за народот.
Изминатиот период беше тежок период и за нашата партија и за општина Илинден и за општинскиот комитет. Но, можам да кажам една работа што не краси нас сите ВМРО-ДПМНЕ, општинскиот комитет и сите граѓани а тоа е обединетоста, сплотеноста и пожртвуваноста за партијата. Како што овдека во Илинден сме сплотени и обединети, не се сомневам дека ќе го покажеме тоа и ќе помогнеме на нашата партија да издвојуваме една убедлива победа, победа која што ќе значи многу за Република Македонија, затоа што без таа победа ние сме во многу тешка ситуација како држава и како народ. Не смееме да им дозволиме овие сега што се на власта да продолжат да не водат, истакна тој.
Георгиевски потенцираше дека на следните парламентарни избори кои ќе бидат на пролет, гласот за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи глас за подобро за самите себе, за идните генерации.
Во наредниот период мораме да бидеме претпазливи овие неколку месеци што ни остануваат до тој би го нарекол историски момент, мораме претпазливо да настапиме, да го посетиме секој дом, да го исконтактираме секој граѓанин се со цел да им се покаже и укаже дека сега сме во една исклучителна тешка состојба и дека сега е моментот сите заедно сплотени и обединети да покажеме единственост и на парламентарните избори кои ќе бидат на пролет да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ не само како партија, туку како идеологија, гласање за самите себе, за нашите деца, за идните генерации. Затоа што ако дозволиме да не ги промениме работите, тогаш сите ние ќе ја носиме таа вина. Сите ние ќе ја имаме таа одговорност спрема идните генерации. Сега е тој историски момент во што не се сомневам дека токму од Илинден тоа ќе почне, вели тој.
Тој на крај им се заблагодари на граѓаните за поддршка и побара поддршка и за понатаму се со цел да се реализираат уште многу други проекти.
Ќе работиме макотрпно и наредниот период, нема да запреме со проектите, но ќе ни треба поддршка од сите вас. Сакам пред се да им се заблагодарам на граѓаните, без нив ние немаше ништо да направиме, порача Георгиевски.