11.07.2023

Андоновски: Дрисла е јавно претпријатие на сите граѓани, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат НО и УО да покренат постапка против директорот на претпријатието

Не можам да си поверувам дека во третата дека од 21 век зборуваме за полни контејнери во Град Скопје и денеска е вторник и петти ден откако контејнерите се преполнети и истурени по улиците, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија насловена Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните.

Андоновски истакна дека денеска кога се движел низ славните градски улици забележал дека сепак ѓубрето не е исчистено од контејнерите и покрај тоа што во текот на вчерашниот ден било кажано дека булеварите се чисти и од денеска ќе се чистат споредните улици.

Доаѓајќи наваму забележав на главните градски улици, не зборам за споредните улици затоа што тоа вчера беше кажано дека главните градски улици се чисти и сега се чистата споредните улици, тоа не точно бидејќи денеска поминував низ главните булевари во Скопје, нечистотијата е се уште присутна, рече тој.

Андоновски посочи дека градоначалничката Арсовска влегла во една клановска битка со политичка партија и во рамки на таа битка одлучила да брка луѓе од работа од Комуналната хигиена, укажувајќи дека тоа го направила после 2 години од нејзиното стапување на функцијата.

Градоначалничката Арсовска влезе во клановска битка со една политичка партија и во рамки на таа клановска битка таа се одлучи да брка луѓе од работа од Комунална хигиена. И внимавајте тоа не го направи пред 2 години кога дојде на функција, но таа чекаше една година прво со тогашниот директор па го разреши, па дојде директорката Мазнева и со нејзе 11 месеци чекаше да види дали овие луѓе биле во Германија или не биле, а во исто време треба да потсетам дека директорката во првите 2-3 недели од нејзиното функционирање имаше еден тек на непродолжување на договори на дело, затоа што повторни тезата беше овие луѓе не доаѓаат на работа и никој не ги видел, изјави Андоновски.

Андоновски го искоментира блокирањето на општините Аеродром и Кисела Вода да го одложат сметот во депонијата Дрисла, потенцирајќи дека тоа јавно претпријатие е на сите граѓани и дека Арсовска намерно ја блокирала акцијата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се со цел да прикаже дека наводно таа го решава проблемот.

Ова затворање на депонијата Дрсла мене ми е очекувано, но мора да се има на ум дека таа депонија е на сите нас. Тоа е јавно претпријатие на сите нас, и додаде дека со тоа се блокирала акцијата на градоначалниците. Јас проверував дали депонијата Дрисла има работно време, но тие работат 24 часа и може во било кое време да се јавите и да одложите отпад. И со тоа се блокираше акцијата на градоначалниците. Зошто? За да може градоначалничката да се размавне и да покаже дека таа го решава проблемот. Тоа беше многу интересно во 2 часот ноќта таа го решаваше проблемот на следниот начин, багер земен од ЈП Улици и Патишта, ги буткаше контејнерите на улица, поминува друг багер ги собира и ги товара во камиони на ЈП Водовод и канализација за пота замислете апсурдот да биде најголем пратена е Пожарна да ги мијат улиците. Значи пожарникари го миеја улиците од расфрланото ѓубре од страна на градот, кажа Андоновски.

Како што најави Андоновски на следната седница како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од надзорните и управните одбори на ЈП Дрисла да покрене постапка против директорот, како и јавното претпријатие Комунална хигиена да достави извештај за работењето за да се виде кои и колку вработени не оделе на работа.

На следната седница на советот на Град Скопје ќе побарам од Надзорните и Управните одбори да покренат постапка против директорот на ЈП Дрисла, ја имаат таа надлежност и во исто време ќе побара од Надзорниот и Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена да достави извештај за работењето и да видиме кои и колку се тие вработени кои што не оделе на работа, заклучи Андоновски.

https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=781704530104987