30.05.2023

Андоновска до Арсовска: Изигрување на жртва не ти поминува веќе, ниту една одлука на Советот ја нема реализирано, мора да одговориш каква е финансиската состојба на Град Скопје и јавните претпријатија?

Овој совет има донесено повеќе одлуки. Но, штетата е тука бидејќи голем дел од тие одлуки не се реализирани. Е сега, ако улогата на советот е да ги носи одлуките, да оценува дали тие се добри или не, по носењето на одлуките единствен кој што има обврска и одговорност да ги реализиран и спроведе тие одлуки, е градоначалникот на Град Скопје, вели Марија Андоновска, координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната седница на Град Скопје.

Андоновска потенцираше дека Данела Арсовска не само што нема реализирано ништо од одлуките кои ги носи Советот на Град Скопје, туку и се однесува нетранспарентно бидејќи како што рече советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела неколку барања за информации но не добила никаков одговор.

Ние за жал имаме нереализирани донесени одлуки од совет кои што веќе долго време стојат и чекаат да бидат реализирани. И тоа е навистина многу страшно и погубно за сите граѓани. Понатаму, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат десетици и десетици иницијативи, но и информации односно барање на информации за одредена работа која што во моментот сметаме дека треба да биде транспарентно обелоденета, не само во овој совет, туку да биде обелоденета во интерес пред сите граѓани, истакна Андоновска.

До ден денеска на ниту една од тие барани информации немаме добиено одговор. И сега како вие очекувате ние да продолжиме да работиме? Тој прв човек на Град Скопје како што тој е избран на избори, така и овие советници се избрани. Но, ако таа не чувствува одговорност за довербата која што и е дадена, ние како советници чувствуваме одговорност и наша обврска е да ги бараме овие информации. Не за нас, туку за граѓаните кои што се засегнати со проблемите, рече Андоновска.

Како што рече Андоновска и покрај тоа што не добиваат одговор, сепак како советничка група во Советот на Град Скопје ќе продолжат да бараат информации од градот.

Нема да застанеме тука, туку напротив, и понатаму ќе продолжиме да си ја вршиме нашата улога одговорно и да бараме информации, децидна е Андоновска.

Андоновска, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во советот неколку пати барале информација за финансиската состојба на градот, но и за финансиската состојба на јавните претпријатија кои што се под градот.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја бараше ова информација во континуитет, месеци и месеци наназад, но не само финансиската состојба за Град Скопје, туку и состојбата на јавните претпријатија под Град Скопје. За жал како што споменав, ниту на советнички прашања, ниту на седници, ниту на било која од нашата иницијативи и барања за писмена информација ни беше даден одговор од страна на градоначалникот, а запрашајте се зошто. Оваа тема е навистина важна, каква е финансиската состојба на градот и каде се трошат парите на граѓаните. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште на 1.12.2022 година побара барање за информација од јавен карактер врз основа на член 4 и член 12  од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,

Андоновска и порача на Арсовска дека изигрување на жртва и нападите веќе не и поминуваат, бидејќи како што рече таа нападите се само тогаш кога се нема аргументи.

Изигрување на жртва не поминува веќе. Тука може да дојде до израз само говорење на вистината со аргументи и факти. Ако е во право тогаш нека повели и нека излезе, но без напад, бидејќи нападите се само тогаш кога се нема аргументи, и порача Андоновска на Арсовска.