Заради изградба на платформа врз која треба да почива структуирана и квалификувана дебата за политичките процеси во државата, се формираше Партиско изражувачкиот аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ.
За да ја оствари својата основна законска надлежност во јакнење на капацитетите на Партијата и креирање политики засновани на навремени, непристрасни, објективни и точни анализи и истражувања, неговата работа функционално е поделена на оперативен и проектен дел.
ПИАЦ, за реализација на својата надлежност и подобрување на својата работа, соработува со истражувачки центри на други домашни и меѓународни политички партии и членува во сродни меѓународни организации и мрежи.
Контакт: [email protected]
Надлежности на ПИАЦ
Надлежностите за ПИАЦ се регулирани со член 74 од Статутот на партијата и Законот за ПИАЦ:
Член 74
Се основа Партиски истражувачко-аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ – „Љубиша
Георгиевски” (во натамошниот текст: „ПИАЦ“) како дел од внатрешната организација на партијата.
ПИАЦ дејствува и има надлежности во согласност со Законот за партиски истражувачко-
аналитички центри.
Претседателот на партијата донесува акт за назначување на раководител и вработени
во ПИАЦ. Со актот за назначување се утврдува и месечниот надоместок кој ќе го добиваат
раководителот и вработените на ПИАЦ за својата работа.
Начинот на работа на ПИАЦ се уредува со Деловник за работа на ПИАЦ, кој го донесува
Извршниот комитет, на предлог на раководителот на ПИАЦ.