ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија бр. 101/2019), член 1 и 9 од Упатството за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Бр. 01-158/1 од 04.03.2020г.) партијата ВМРО-ДПМНЕ подготви и објавува:

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
1) Информации кои се однесуваат на дејствувањето на политичката партија, а се утврдени со законите во Република Македонија и актите на политичката партија.
Статут на партијата
Програма на партијата

2) Основни податоци за контакт со политичката партија и тоа:
ВМРО-ДПМНЕ
Плоштад ВМРО бр. 1, 1000 Скопје
023102801 | [email protected] | vmro-dpmne.org.mk

3) Податоци за претседателот на партијата (биографија) и основни податоци за органите на партијата

4) Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации во политичката партија

Писменото барање може да се поднесе по пошта, да се достави во архивата кај ВМРО-ДПМНЕ | Плоштад ВМРО бр. 1, 1000 Скопје | 02 3102 801 или да се достави електронски по е-мејл:
Марија Митева | [email protected]
Сашо Павлоски | [email protected]
Најдоцна во рок од 20 дена политичката партија треба да достави одговор до барателот по поднесеното барање за слободен пристап до информации.

5) Список на лица вработени во политичката партија со позиција, службен мејл и службен телефон

6) Законите со кои се уредува начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии; со кои се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија, како и начинот на контрола на финансирањето и финансиско материјалното работење на политичките партии; со кои се уредува начинот на формирањето, организацијата, функционирањето и финансирањето на партиските истражувачко-аналитички центри при политичките партии:
Закон за политички партии
Закон за финансирање на политичките партии
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Закон за партиски истражувачко – аналитички центри
Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси
Изборен законик

7) Информации кои се однесуваат на приходите од Буџетот на Република Македонија(чл.9 и чл.10 од Закон за финансирање на политичките партии)

8) Информации кои се однесуваат на приходите од членарината

9) Информации кои се однесуваат на Регистарот на донации, односно Извештај за добиените донации

10) Годишен финансиски извештај(за претходната година, кој се доставува до ДЗР, УЈП согласно чл.27 од Закон за финансирање на политичките партии)

11) Информации кои се однесуваат на приходите од продажба на промотивен и пропаганден материјал

12) Информации кои се однесуваат на сопствените приходи на политичката партија, на пр. од закупнина на движен и недвижен имот на партијата, камата на депозит депониран во банка, приходи од печатени или други изданија, и др.

13) Информации кои се однесуваат на приходите од кредит/и, односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партијата ако обезбедува средства од кредит (посебна жиро сметка)

14) Информации кои се однесуваат на приходите добиени од Министерството за правда за финансирање на партиско истражувачко-аналитички центри (чл.10-а од Закон за финансирање на политичките партии), односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партиско истражувачко-аналитички центар на партијата (посебна жиро сметка)

15) Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за првите 10 дена од изборна кампања

16) Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за изборна кампања

17) Вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборна кампања по одржани избори

18) Ревизорски извештај од извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија на финансискиот извештај на политичката партија од изборна кампања по одржани избори

19) Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а кој е доставен до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во тековната година за претходната година
Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер 2020 г.
Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер 2021 г.
Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер 2022 г.

20) Образец – барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и образец за жалба:
Барање за пристап до информации од јавен карактер
Образец за жалба

21) Информации кои се однесуваат на висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација, утврдени од страна на Владата на РМ, а согласно член 28 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно Одлуката за утврдување надоместок за материјалните трошоци за дадената информација.