10.09.2025

Митева: Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат визијата на ВМРО-ДПМНЕ да изградиме подобра и поквалитетна иднина за сите


Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница разговараше за актуелните состојби во државата. Притоа се осврнаа на целосната посветеност на предизвиците од страна на сите надлежни министерства и останати институции.

На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа избрани и следните кандидати за градоначалници за претстојните локални избори коишто се  закажани за 19 октомври.

Бети Стаменкоска Трајкоска како кандидат за општина Кисела Вода,

Мирослав Славковски за општина Старо Нагоричане,

Илија Тентов за општина Дојран,

Сашко Велјановски за општина Долнени,

За Ранковце Даниел Павловски.

За општина Кочани ќе се обединиме околу натпартискиот кандидат доктор Владко Грозданов.

ВМРО-ДПМНЕ на овие претстојни локални избори ќе настапува подготвено како никогаш до сега.

Сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се избрани во транспарентен процес, секој еден од нив е чесен, познат, почитуван од средината од која доаѓа и во која живее.

Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ убедливо водеа на сите внатрепартиски анкети и анализи.

Сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се посветени личности, подготвени да ги застапуваат интересите на секој жител, во секое населено место.

Тие се луѓе кои имаат енергија и решителност да работат за подобро утре на граѓаните, сите се посветени и дополнително ќе бидат ангажирани за развој на општините и државата воопшто.

Сите тие ќе работат во насока на стабилни и силни општини, а воедно и за стабилна и силна држава.

ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека работи за доброто на секој граѓанин, на секое населено место и на државата воопшто.

Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат визијата на ВМРО-ДПМНЕ, да изградиме подобра и поквалитетна иднина за сите!