Во рамки на новото издание „Ставот на регионот“, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Стојаноски говореше за економската состојба во Македонија и истакна дека сите економски показатели покажуваат дека имаме позитивно поместување, како и дека очекува во наредните месеци сите бројки и проценти кои ги укажува во насока на подобрување на економската состојба, да почнат директно да ги чувствуваат граѓаните во секојдневниот живот.
„Три квартали по ред ние имаме раст на БДП од над 3%, индустриското производство од месец јули, споредено со месец јуни претходната година е зголемено за 4,1%, преработувачката индустрија е зголемена за 7%, имаме зголемен процент на туристи коишто доаѓаат во државата“, истакна пратеникот Стојаноски.
Стојаноски истакна дека се градат темелите на новата економска филозофија, која што треба да донесе повисок стандард, повисоки плати и пензии и подобар живот на граѓаните.
„Тоа е нешто коешто укажува дека полека македонската економија заздравува, а веќе кога ќе можеме да влеземе во полн ек на реализирање на капиталните инвестиции, да го развиеме градежништвото како една гранка којашто е особено важна во македонската економија се надеваме дека ќе имаме и повеќе можност да ги помагаме и со некој други мерки“, укажа Стојаноски.








