25.08.2025

Николоски: Од 8 арбитражи за една година Владата доби три, а претходната влада на СДС на средба во Виена на крај на 2023 се договарала за спогодба, апелирам обвинителството да истражи кој и зошто преговарал

Александар  Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на централниот Дневник на телевизија Сител информираше дека координативно тело за арбитражи работи многу сериозно и оти од работата се гледаат првите резултат. Николоски посочи дека Владата наследила 8 арбитражи, сега ситуацијата е таква што се добиени три, а уште пет се отворени. Но, како што напомена тој нови арбитражи откако е оваа Влада нема. Три добиени се оние кои се однесуваат на случајот Казандол, Саса и Гама и до добивање на истата Македонија заштедила 565 милиони евра. Или кога добиваме, рече Николоски, не плаќаме, плаќа другата страна.

“За Казандол наследивме затворен случај. Или завршните зборови се случиле во 2023 година што беше прва отежнителна околност за Македонија. Втората отежнителна околност е тоа што претходната влада на 11-12 април 2023 година во Виена водела преговори за спогодба. Јасно е дека кога водите преговори за спогодба вие признавате вина. Третата отежнителна работа беше што воопшто не се обидувале да обезбедат нови докази“, рече Николоски.

Николоски посочи дека актуелната Влада одлучила да го отвори повторно случајот Казандол.

„Поднесовме барање до Арбитражниот суд во Вашингтон, тие се согласија, понесовме нови докази. Можам само да погодувам зошто претходната Влада не ги доставиле тие докази, а тие докази беа клучни да се сврти постапката во наша корист. Пред Нова година, инвеститорите од Казандол понудија спогодба што признаваат дека случајот ќе го изгубат, понудија спогодба од 38 милиони евра наместо 115 милиони евра. Ние тоа го одбивме и тоа беше клучен момент зошто го добивме случајот”, кажа Николоски.

Николоски посочи дека во овие арбитражи има и политички аспект.

„Тоа е одговорноста зошто претходната влада ја изложувала Македонија на огромни трошоци за арбитража упатувајќи на тоа јавното обвинителство да ги истражи сите постапки. И јас и премиерот изнесовме сомневање во јавноста како е можно и е чиста логика оваа Влада добива арбитражи а претходната влада ги губи или отворала арбитражи. Другата работа е како Македонија се изложила на арбитражни спорови, а ние еве се бориме со силни адвокатски тимови и се донесовме на нула, односно да не плаќаме ништо“, изјави Николоски.

Николоски очекува јавното обвинителство да ги отвори случаите и да види кој работел на истите.

„Очекувам да се види кои се лицата кои носеле одлуки и да се поведе постапка за нив затоа што изложеноста е огромна. Или да види на пример кој на 11-12 април од претходната влада преговарал со претставници на Казандол да платат пари”, рече Николоски укажувајќи дека реалноста е дека случајот Казандол можел да се добие.