26.09.2022

Јорданов: Повеќе од јасно е дека треба да се случат промени во владината коалиција, која со своето владеење не донесе во овие кризи

Објективно во Македонија се потребни промени и на политичката сцена, реформирање на најголем дел од партиите коишто се во владината коалиција затоа што ова што се случува во изминатите неколку години, верувајте сите ние го чувствуваме, ако причината за која што ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција беше дека треба да се реформира, дека треба да дојде нова генерација на политичари повеќе од јасно е дека тоа треба да се случи во владината коалиција затоа што ја гледаме секојдневицата, поскапени цени, беспарица, а сето тоа се рефлектира од управувањето и партиципирањето на власта. Затоа нема што да додадам општо познато е дека Македонија е заробена држава од корупција и криминал, парите на граѓаните нетранспарентно се трошат во време на ваква криза најмалку е потребно реформа барем во владејачката структура, изјави Иван Јорданов градоначалник на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во 24 анализа на Телевизија 24.

Дополнително околу моменталната економска и енергетска криза тој посочи дека слаба е комуникацијата со Владата која во овие моменти според Јорданов треба да биде многу честа и потреба е координација помеѓу сите градоначалници и претставници од општините со владини претставници.

Веќе ќе почне да доспеваат сметките за струја во сите институции, вклучувајќи ги и јавните претпријатија и има општини каде, ако не се донесе побрзо одлука, веќе се со блокирани сметки, имаат долгови кои ги враќаат а се од периодот кога немало енергетска криза. Ние враќаме кредити од минатото и имале доспеано и зголемено неколку кратко трошоци. Институциите треба да влезат под регулиран пазар за да имаат предвидлив трошок. Колку и да штедиме, имавме состојба кога сметката за струја беше 19 милиони денари, а приходот од наплата на вода и ѓубрарина е 17 милиони. Ќе дојде денот кога луѓето ќе останат на улица, ќе ни се случат социјални немири, вели Јорданов.