Ние се изнагледавме од оваа власт се и сешто, имаме серија на закони кои што ќе стапат во сила по влегувањето во ЕУ. Од власта се изнагледавме само хаос, од газењето врз процедурите, врз Деловникот, врз законите, па дури и врз Уставот, истакна Тони Јаревски, пратеник во гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија.
Јаревски додаде дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде доста успешна бидејќи ќе работи за интересите на граѓаните.
„Ние бевме сведоци каде што и буквално и функцијата на претседател на Собранието беше узурпирана во многу случаеви. Каде што навистина беше изиграна волјата на граѓаните за издржана дебата, каде што се протнуваа премногу закони со европско знаменце, каде што имавме дури и реакции и од меѓународната заедница. А, сето тоа беше занемарувано од страна на власта“, потсети пратеникот.
Тој посочи дека добро да се има еден документ, еден инструмент кој што ќе може тие појави да ги анулира во иднина.
„Да почекаме да стигне Деловникот, па да го разгледаме, има власта такво искуство и да едно испраќа до ДКСК, а друго оди до Собранието. Се надевам дека овој пат истото нема да се случи“, рече Јаревски.
„Она што како информација го имам конкретно за пратенички прашања и што се радувам е што конечно онаа мерка што власта често ја злоупотребува кај што се доставуваат писмени прашања, а тие беа 20, па 30, а следната седница беа 50, и практично првото прашање опозиционо кога ќе дојде на говорница поминало негде во доцните попладневни часови, и мислам дека сега се изземени. И дека ќе одат на посебен дел и мислам дека ќе бидат ограничени и дискусиите по самото поставување на пратенички прашања“, појасни Јаревски.