22.09.2023

Јаревски: Власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори, ВМРО-ДПМНЕ е обединета, кохезивна и нема да отстапи од своите принципи и начела

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој што истакна дека власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори, и се обидува да направи штета но ВМРО-ДПМНЕ е обединета, кохезивна и нема да отстапи од своите принципи и начела.

„Она што е суштински важно и што би можело да има импакт врз тековните случувања во Македонија е една многу јасна порака. Не постои ниту случка, ниту причина ниту пак личност што може да го отргне Христијан Мицкоски и ова раководство на партијата од бранењето на националните интереси. Не постои ниту личност ниту причина што би можело да изврши влијание за промена на нашиот став односно да не дозволиме да се извршат уставните измени под вакви услови односно под бугарски диктат“, нагласи Јаревски.

Јаревски потенцираше дека власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори, и се обидува да направи штета но ВМРО-ДПМНЕ е обединета кохезивна и нема да отстапи од своите принципи и начела.

„Имаме држава која е затрупана во корупција, разградени институции, власт која нема легитимитет и кредибилитет, имаат рејтинг кој што е ист со рејтингот на правосудството. Имаме ситуација на безнадежност и на револт. Во такви услови имаме очајна влада и во такви моменти пристапуваат кон очајни чекори. Од друга страна имаме силна компактна кохезивна, полна со патриотски дух помеѓу себе пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која што знае што застапува и која што нема намера да отстапи од своите ставови и принципи. Ние нема да отстапиме нема да дозволиме промена на уставот под бугарски диктат“, потенцираше Јаревски.