06.11.2022

Јаневска: Соработката на централната власт со општините е комплетно опструктивна

Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на линковско вклучување од вториот ден на политичкиот саем на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека веќе подолг период се докажува дека соработката на централната власт со општините не е на соодветно ниво.

-Веќе подолг период се зборува, а сега и се докажува дека соработката на централната власт со општините не е на соодветно ниво и би рекла не е коректна, а во одредени моменти и комплетно опструктивноа. Ќе почнам од блок дотациите, во оваа страшна економска криза кога растат цените на струјата, на огревното дрво, денес читам достигнало и до 5.000 денари, блок дотациите не стигнуваат да ги покријат овие режии, а да не заборавиме дека општините треба да ги платат од овие блок дотации и превозот на учениците и за средно и за основно образование. Градоначалниците се приморани да прават прераспределба на своите сопствени општински буџетски средства за да можат да покријат барем режијата и овие основни потреби за да може воспитно-образовниот процес да се одвива, инаку би морал да биде прекинат, рече Јаневска.

Јаневска во своето обраќање зборуваше за нереализација на проектите за изградба, доградба и санација на училишта кои се одобрени, поминати на влада и објавени во службен весник.

-Друго за што можеме да зборуваме е нереализација на проектите за изградба, доградба и санација на училишта кои се одобрени, поминати на влада и објавени во службен весник. Во населбата Ченто е одобрено изградба на училиште за која владата одобрува 20 илјади евра за проект кој вреди милион и петстотини илјади евра и е крајно несериозно, што може градоначалникот да направи со 20.000 евра. Има такви ситуации во повеќе, кажа Јаневска.

Јаневска се осврна на одземање на ингеренции на градоначалници за училиштата но и за градинките од страна на централната власт.

-Можеме да дискутираме и за одземање на ингеренции на нашите градоначалници за училиштата но и за градинките. Наместо централната власт да им помогне на градоначалниците, да постават нови кадри кои соодветно ќе работат во корист на училиштата и учениците, централната власт одлучи да им одземе ингеренции, толку многу одземање ингеренции никогаш немало, додаде Јаневска.