Вечерва Весна Јаневска, претседателката на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што не е јасно“ говореше за злоупотребата на службената должност на директорката на ДИЦ, Елизабета Наумовска која со одлука на ДПИ поништи испит на 111 кандидати кои посетувале обука за лиценца за директор според Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење.
„Таа се правдаше дека немаше обучувачи за Македонците, а имаше обучувачи за албанскиот дел иако конкурсот за обучувачи доцнеше со месеци. Тоа е првиот прекршок кој што го направи и со тоа ги дискриминираше едните од другите. Откако конечно се одбраа обучувачи, тогаш се менуваа тестови, прашања испитни, се купуваше еден долг период време за кандидативе да ја одржат обуката во летниот период на жештините иако немораше така“, појасни Јаневска.
„Јас напишав на социјалните мрежи дека повторно се крши законот и јавно објавивме и ја повикавме директорката Елизабета Наумовска да не го крши законот затоа што последниот дел, третиот дел од испитот го закажаа вон законски рок. Имено, испитот се содржи од три дела, за првите два дела нема законски рок кога можат да го полагаат, но третиот дел се состои од изработка, подготовка, предавање, изработка на семинарска и бранење на истата. По законот членот 18 став 8 пишува дека треба да се одбрани таа семинарска работа во рок од еден месец“, рече таа.
Таа посочи дека директорката на ДИЦ, одолговлекуваше со обуките и избор на обучувачи и го прекрши законот, член 18 став 8, и не закажа трет дел од испитот во законски рок. По претставка до ДПИ, државниот инспектор носи одлука да се поништи испитната сесија, на штета на кандидатите кои за оваа состојба воопшто не се виновни.
Јаневска укажа дека ги охрабрува кандидатите да поднесат барање до ДИЦ да им се признаат првите 2 дела и изработената семинарска работа, предадени во рок и во новата сесија, како трет дел од испитот, да остане само одбраната на семинарскиот труд пред истата комисија.
Во текот на своето гостување Јаневска се осврна на проблемите со учебниците и со скандалот со синот на Талат Џафери. Јаневска додаде дека страшно е како учениците се уште работат без учебници и се приморани да пишуваат тоа што им диктираат наставниците. Неспособноста на власта удира и по најмалите.
„Апсолутно нетранспарентното работење не само на министерството за образование и наука, на сите останати институции буди сериозни сомнежи дека нешто не е во ред. И ако нештото не е во ред тие досега требаа да станат свесни, требаше да им стане јасно дека начинот на кој што функционираат не е добар. Тој начин на кој што функционираат ќе ја сруши оваа ненародна тендерска власт. И се надевам дека што е можно побрзо ќе се случи за да можеме да почнеме да ги поправаме овие незамисливи грешки“, укажа таа.
Во однос со сландалот со синот на Талат Џафери како полага правосуден испит, Јаневска рече – „Според мене ова е клучниот момент кој комплетно го разруши образовниот систем во Република Македонија. Затоа што во основното и средното имаме сериозни проблеми не дека ги немаме. Меѓутоа некако се држеше високото образование. Но, ова беше скандал кој мислам дека ги уби сите оние кои веруваа во образованието. Значи да завршиш три години и да ти признаат четири и при тоа некој да се правда дека Законот не бил како што треба“.