09.11.2022

Ѓорѓиевски: Со кратење на непродуктивните трошоци, заштедивме над 1 милион денари кои ги насочивме кон капитални проекти

Во изминатите 365 дена, со домаќинско раководење со буџетот на граѓаните и намалување на непродуктивните трошоци дојдовме до голема заштеда, која ја насочивме во капитални проекти.
Па така, споредбено со претходното раководство во 2021, во 2022 година се заштедија средства во висина од:
-Консултантски услуги – 100%-Репрезентација – 100%-Огласи и други објави – 77,46%-Изнајмување фотокопири – 73,16%-Одржување на опрема – 56,24%-Службени телефони – 26,73%
Или во просек, непродуктивните трошоци се намалија за високи 68, 46% и истата таа заштеда се искористи за капитални инвестиции, односно парите кои претходно се трошеле за непотребни работи, денес се насочуваат во граѓаните.

Дополнително, лично како градоначалник имам 0 денари трошоци за гориво, 0 денари за репрезентација и 0 денари за службено возило.
ВКУПНАТА ЗАШТЕДА Е 1.407.000 ДЕНАРИ!

https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/pfbid038CSoFWFpCra8TxGhLMJxzcytZZsbvGCK6tPe1TVDJTBqiKXqhQ6d5rDBQHSrMz2Dl