Во вечерашната емисијата „24 Анализа“ на ТВ24 гостуваше градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој што истакна дека како претседател на ЗЕЛС сите одлуки кои што се носат се носат консензуално се со цел општините да добијат подобри услови за живеење, а во однос на Кисела Вода како градоначалник истакна дека и покрај огромниот долг реализирал над 90 % од програмата која што ја ветил пред граѓаните.
„ЗЕЛС не е политичко тело и функционираме со политички ставови. Сите проблеми, еве Костадин Костадинов е во управниот одбор на ЗЕЛС може да се сложиме дека сите ставови кои што се носат на управен одбор ги носиме консензуално. Што значи дека сме обединети за прашањата кои што преку нас ги упатуваме до централната власт, и исто така сме обединети да граѓаните во било кој општина добијат подобри услови за живеење“, истакна Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски додаде и дека Кисела Вода ја наследил со огромен долг кој што е во моментот во најголем дел сервисиран а покрај тоа реализирал и 90 % од програмата и проектите кои што ја ветил пред граѓаните.
„ И покрај интервенција од владата од над милион евра евра, јас ја наследив Кисела Вода со над 3 милиони евра долг. Во моментов во Кисела Вода имаме околу 45-50 милиони долг, но има над 30 милиони на сметка. Што значи сервисиран е најголем дел од долгот имаме средства и да го покриеме остатокот тоа се тековни трошоци, што значи сме целосно оперативни имаме стабилен буџет, а од друга страна за две години имаме, јас и мојот тим над 90% реализација на она што сме го ветиле и што сум се обврзал да го реализирам пред граѓаните. А, дополнително има и една плејада на проекти кои што се реализирани а не биле ветени во кампањата“, истакна Ѓорѓиевски.