02.04.2023

Ѓорчев: Последните 6-7 години потрошени се над 30 милијарди евра пари од буџетот, а ние во Македонија немаме направен тротоар

На денешната панел дискусија под работен наслов „Извештај на Стејт Департментот: Сериозна владина и судска корупција“ во просториите на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше и членот на Извршниот комитет, Влатко Ѓорчев каде што ја посочи важноста на оваа институција на глобално ниво како врвна и водечка дипломатска институција во светот и која е важна за Македонија, а со тоа важни се и сите извештаи и констатации за состојбите во државата.
Посочи дека последниот извештај за состојбите во Македонија користен е заострен вординг, преставува огледало на фактичката состојба во државата, односно држава со широко распространета корупција, како во извршната власта така и во судската, што се гледа и од начинот на избор на јавните обвинители и судии.
Ѓорчев истакна дека со ова ниво на корупција и секојдневни скандали, Македонија преставува наслабата карика во ланецот НАТО сојузници, каде што и граѓаните оправдано се разочарани.

„Во содржината на извештајот за Македонија на Стет департментот има, апсолутно, заострен вординг во кој се констатирани низа на недостатоци што претставува огледа на сотојби кои што Македонија треба да ги прифати и поради самата себе, но исто така и поради пошироката слика. Секој ланец е онолку силен, колку што е јака најслабата карика. А, во силниот и голем ланец на НАТО сојузништво, кај што ние припаѓаме, за жал, со оваа корупција која што ја имаме, со овие скандали кои што ги имаме секојдневно во Македонија, Македонија не е силна карика, напротив Македонија е прилично фрагилна, Македонија е земја каде што луѓето се прилично разочарани од еден куп работи, оправдано, како никогаш до сега. Секогаш имало проблеми тука, но ваков очај, ваква резигнација јас не паметам во Македонија, а не паметат ни постарите“, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека ние како општество мора да се консолидираме, мора да работиме и да бидеме ангажирани со нашите евроатлански сојузници за на тој начин, консолидирајќи ја Македонија внатре, да се движиме во ситуација во која што ќе иамме подобри извештаи за Македонија од Стејт Департментот.
Истакна дека владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз која што со Македонија раководи во последните шест, седум години македонските граѓани и економија ги чини на годишно ниво околку 5,5 милијарди евра или околу 35 милијарди евра во овие 6-7 години, а од друга страна ниту еден капитален проект или објект не се изградени, се нема направено ниту тротоар.

“Имаме еден систем на сврзани садови кој што го цеди стопанството, кој што оваа економоја, овој народ, овие луѓе и овие граѓани ги чини пет и пол милијарди евра, а ништо не се гради. Во текот на овие 6-7 години потрошени се 30-35 милијарди евра, а ние во Македонија немаме направен тротоар. Епа каде отишле парите? Гледаме каде отишле парите. Така што се е тоа дел од сликата и она што Македонија треба да направи, тоа е еден поширок ресет“, рече Ѓорчев.

Порача дека Македонија мора да направи ресет, затоа што ако Македонија не се консолидира тогаш ќе стане Галичник, ќе стане празна земја, земја на старци од која што си заминале младите, а која што слика за жал, веќе ја гледаме според бројки, по број на ученици во осносно, ученици во средно, родени бебиња.

Ѓорчев додаде дека постои можност да се корегираме како држава и тоа е добриот дел, затоа што оваа или наредната година во државава ќе има избори и на ВМРО-ДПМНЕ му е потребна поддршка од секој еден човек кој е незадоволен од сето ова кое и се случува и на политички и на економски и на државотворен план на Македонија со што ќе се сврти нов лист и ќе се направи нов почеток.