11.08.2023

Ѓорчев: Македонија има право по дипломатски пат да поднесете Анекс за тие точки за кои што мисли дека го стагнираат процесот за развојот на добрососедството, пријателство и соработка

Избори се секогаш решение кога се гледа дека граѓаните на Република Македонија бараат излез од оваа ситуација. А, тоа го покажуваат сите истражувања, а истражувањата се сепак огледало на политичката сцена во Република Македонија, истакна Марјан Ѓорчев во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Ѓорчев додаде дека тогаш ќе се покаже од сите политички партии во која насока ќе се движи државата.

„После договорот со Бугарија, власта самата на себеси си направи стапица со тоа што прифати исклучиво бугарска стратегија. И при прифаќање на овој договор не се почитуваа искуствата на владите од пред 2017-та година. И сега од таа стапица многу тешко се излегува“, рече Ѓорчев. 

Тој посочи дека Бугарија кажува убаво дека преземените обврски од при потпишувањето на договорот треба да се исполнат како што се историските прашања, образовните прашања, недискриминација, сето тоа го содржи договорот. Бугарија кажува се што ја чека Македонија.

„Во последните одредби од договорот стои овој договор дека има право Република Македонија и Република Бугарија да поднесе Анекс, значи ова не е конечен договор, значи имате право по дипломатски пат да поднесете Анекс за тие точки за кои што мислите дека го стагнираат процесот за развојот на добрососедството, пријателство и соработка. Република Македонија треба да го направи тоа што поскоро, за да го ажурира договорот и тој договор да стане применливи во политички, економски и социјален контекст. А, најмногу во граѓански контекст. Така што тој договор може да има позитивна содржина дури тогаш кога негативни елементи ќе бидат отстранети, а тоа можеме да го направиме согласно оодредбите во договорот и во рок од една година од другата страна да одговори дали ги прифаќа тие измени и дополни. Пазете имаме право на измени и дополни и со тоа да го подобриме и политичкиот дијалог и односот помеѓу граѓаните во двете држави“, нагласи Ѓорчев.

Тој појасни дека Бугарија може и вака Македонија да ја блокира и со отворање на првиот кластер. Бугарија може секогаш Македонија да ја блокира.

Тој додаде дека ние како земја кандидат, без почнати преговори со ЕУ, имаме право да сметаме дека овој предлог на Европската Унија е неприличен, штетен за Македонија по нејзините национални и државни интереси.

Тој истакна дека меѓународната соработка е нужна, но нашите ставови се познати дека за култура, за историја, да бидеме доследни кон сите, но дискусија за тоа не може да биде предмет.

– Јасно е дека ова се беспредметни дебати. Што има да дава гаранција некоја држава за тоа дека нема да има повеќе дебата за историја. Историјата не смее да биде предмет во преговарачката рамка, како што не може да биде ни образованието, ни културата, а сите тие одредби се во Договорот со Бугарија и се на некој начин противречни со стандардите за пристапување во ЕУ, рече Ѓорчев.

Тој истакна дека европската интеграција е процес во кој космополитизмот, наднационалната политика е важно, но тоа не треба да биде по цена на нешто што претставува наука, колективна меморија и откажување од образованието на идните поколенија.

Во однос на манифестот на власта, тој рече дека требаше да се појави пред да се прифати било каков предлог, а сега е доцна.

– Манифестот требаше да биде објавен уште во февруари 2022 кога требаше да седнат сите политички партии за тоа каква рамка ни треба.  Сега е доцна, сега се изострени политичките ставови на клучните политички субјекти, позиција и опозиција и така да сега манифестот е задоцнет и излишен.  Црвените линии беа изгласани во Резолуцијата која беше изгласана во Собранието и таму јасно стои дека не може да се разговара за историја, култура и образование, а токму договорот за соработка и добрососедство кој не е за добрососедство кој беше злоупотребен од бугарска страна со ветата и во него се работи за тие теми, истакна Ѓорчев.

Според него за консензус е потребно да се седне пред било кој предлог од меѓународната заедница или пред било кое важно прашање.