05.04.2024

Ѓорчев: Граѓаните се незадоволни од власта на СДСМ и ДУИ, промените се неизбежни, Македонија може и мора подобро а победата на Гордана Силјановска Давкова е многу извесна

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека граѓаните се незадоволни од власта на СДСМ и ДУИ, промените се неизбежни, Македонија може и мора подобро а победата на Гордана Силјановска Давкова е многу извесна.

„Ако ги видиме сите 7 кандидати гледаме дека има двајца кандидати од власта тоа се СДСМ и ДУИ а другите пет кандидати се опозициони кандидати така што работите се многу јасни, базенот, резервоарот на опозициони гласови во вториот круг за опозицијата односно за Гордана Силјановска Давкова е многу поголем. Сметам дека одиме кон победа во вториот круг, засилено дополнително со поголем одзив заради парламентарните избори“, кажа Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека граѓаните се незадоволни од власта, промените се неизбежни а Македонија може и мора подобро.

„Сметам дека власта е дефинитивно во заминување, јасно е дека огромното мнозинство на граѓани се незадоволни со состојбите, луѓето мислат дека Македонија може и мора подобро. Освен тврдото, елементарно гласачко тело на СДСМ други кои се задоволни од овие состојби нема, а ти се 10 -15 %. Генерално ако се гледа целата атмосфера мислам дека е неизбежно да има промена. И таа промена ќе биде прилично убедлива. Воопшто нема да биде тесна разликата, далеку од тоа“, кажа Ѓорчев.