Каде е Фондот за здравство, дава средства, ја контролира работата на јавните здравствени институции, а за проблемот Онкологија се зборува долго време, а последните две години премногу и дури сега стартуваше некоја истрага од која нема ништо, рече доктор Андон Чибишев член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот Онкологија во гостување на емисијата За или против на телевизија Алфа.„Некој внатре во институцијата многу нечовечки, морбидно крател дози и јас сега шплклулирам од тоа што читам, луѓе сведочат за чување ампули во џеб. Јас читам изјави од засегнати, како им се барале пари, услуги за да може некој да се лекува. Тоа е под секое ниво, тоа е дно. Ние не треба да ги бараме виновниците, има државни институции кои ги плаќаме за тоа, за да утврдат што се случувало и да не информираат кои се тие и истите да одговараат“, вели Чибишев.Докторот додаде дека кај нас има низа на случаи, низа на починати и никаква казна.Чибишев се соврна на и на тоа што като системот не е ставен во функција, а го има.„Тој систем можел да врши контрола и ќе се знаело како влегуваат во Клиниката, како се трошат, што останува. Зошто е исклучен? Веројатно само тие кои го направиле тоа можат да го објаснат. Државата набавила таков систем, а не го употребувале. Сите држави го имаат и го користат, а ние го исклучуваме за сами да си мериме. Тоа што го направиле тие имале умисла, имале намера што ќе прават па го исклучиле“, кажа Чибишев.Според докторот мора да има разрешница за случајот Онкологија.Овој случај има има име и презиме, тоа мора да се каже за да се смират граѓаните и да се врати довербата во здравството“, заклучи Чибишев.Докторот се осврна и на одливот на кадар од здравството.„Многумина заминаа поради подобри услови и примања, некои одат и само поради подобри услови за работа, не е секогаш за пари. Помошниот и средниот медицински персонал има многу ниски примања и заминуваат и работат нешто сосема друго“, вели Чибишев.