Функционирањето на градот Скопје како дел од локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија е еден комплексен систем каде што мора заеднички и координирано да се делува. И секаков тип на проблем и нарушена комуникација измеѓу институциите под градот Скопје создава проблем. Создава проблем и во мирни услови, а не пак во ваква енергетска и економска криза, вели поранешниот директор на јавното претпријатие Градски паркинг Бојан Христовски во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на телевизија 24.
Христовски нагласи дека за справување со енергетската криза како директор имал идеја да постави фотоволтаици на паркиралиштата и катните гаражи се со цел да се справат со енергетската криза и самото јавно претпријатие да произведува струја односно како што рече дел да користи, а дел да се продава, но бил игнориран од градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје.
Се обидовме да се соочиме односно да направиме припреми за соочување со оваа криза и за да заштедиме ресурси односно оптимизација на самите вработени кои што преку поставување на ред и дисциплина во работењето би се искористил максимално кадровиот потенцијал на секое јавно претпријатие. Друго заштеда на ресурси преку поставување на фотоволтаици кое што ни беше идеја преку креирање на специјално изработен проект за поставување на фотоволтаици на нашите паркиралишта, отворени и затворени, но не стигнавме далеку со тоа, бидејќи немавме поддршка од Градот Скопје. Енергетска заштита односно термо изолација на сите објекти на градски паркинг, поставување на плински уреди на возилата. И многу други мерки, промена на осветлувањето во катните гаражи 26ти Јули и Бело, поставени се лед светла и сензори кои што значително ќе ја намалат потрошувачката на електрична енергија. Има повеќе момент кои што може да се прави, но за сето тоа треба добра координираност во градот и останатите јавни претпријатија, потенцираше Христовски.
Со мојот тим имав идеја поставување на фотоволтаични на катните гаражи, но од старт, не дека не добивме поддршка, туку не добивме разбирање, буквално игнор. Планиравме во идно време да се постават и фотоволтаични уреди и на поголемиот од зонските паркиралишта во Скопје. Замислете една општина Аеродром каде што има 7.000 до 8.000 паркинг места да се постават кровни површини кои што ем ќе ги заштитуваат автомобилите, а дополнително ќе произведуваат и електрична енергија која што ќе може да се користи и од страна на јавното претпријатие, но и ќе може да се враќа, продава и компензира во системот, рече тој.
Со почит,