Светот и ние како мала држава се соочуваме со предизвици да обезбедиме храна, она што треба сериозно да се направи ВМРО-ДПМНЕ како идна власт ќе ги стимулира земјоделците да произведуваат, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ во „Што не е јасно“ на Алфа.
– Гледаме дека сега производната цена со покачувањето на нафтените деривати, вештачко ѓубриво ја доведе ситуацијата да пченицата производна цена има околу 22 до 23 денари. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека секој земјоделец кој е заинтересиран ќе добие земјоделско земјиште без надомест кон државата. Тоа ќе биде првиот стимул за да се започне со зголемено производство на оваа стратешка култура, рече Трипуновски.
Тој додаде дека неколку пати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе предлог за отпишување, тргање на акцизата на нафтените деривати.
– Сите земјоделци ко ќе произведуваат оваа култура ќе добијат нафтени деривати ослободени од акцизата. Тоа значи дека оваа цена ќе се преполови за 50%, а некако сега што добиваат шминка од оваа власт, истакна тој.
Трипуновски посочи дека вештачкото ѓубриво како сериозен елемент во производството, државата ќе го субвенционира со 50%, не како сега со популистички мерки.
– Тоа ќе бидат сет на мерки кои ќе доведат да на сето слободно земјоделско земјиште се произведува да имаме сериозна количина која ќе значи задоволување на годишните потреби. Нема да дозволиме ниту земјоделците да патат, а ние како држава да молиме во соседните држави, изјави Трипуновски.
Трипуновски исто така нагласи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презема власта Македонски шуми ќе произведува евтини пелети и нема повеќе да се профитира врз грбот на граѓаните
– Македонски шуми со навремени постапки ќе обезбеди дрва маса на почетокот на есента, односно зимата како што беше случај во минатото. Вториот момент кој го решава проблемот со затоплување на домовите кои користат пелет, е тоа што Македонски шуми ќе биде производител на пелети и ова е оправдана инвестиција, рече Трипуновски.
Според него Македонски има просторен потенцијал за тие фабрики има и кадровски потенцијал кој ќе биде искористен во овој процес.
– А третиот момент е што претпријатието во процесот на обезбедување на огревно дрво за граѓаните, има доволен процент на нус производи од овој процес, и тоа значи дека се тоа ќе се искористи како евтин репроматеријал за производство на пелети. Од целиот проект придобивка ќе биде што ќе има евтини пелети, и тој ќе биде со проверен квалитет и нема да има како сега фирми профитери врз грбот на граѓаните, потенцираше Трипуновски.