12.07.2023

Стојкова Серафимовска: Ни треба национално обединување против криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ постојано подава рака, но Ковачевски одбива, ако некој ја нападне корупцијата на власта, велат дека тој не чини

Нам ни треба национално обединување дефинитивно за што ВМРО-ДПМНЕ неколку пати повикува во однос на националните црвени линии, образованието, во однос на се како и борбата против криминалот и корупцијата, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска за „Анализа“, на ТВ 24 и посочи дека на системот му треба рестарт како и кога ВМРО-ДПМНЕ нуди помош, Ковачевски одбива.

– Во борбата против корупција треба да го прифатиме принципот на меритократија, бидејќи вредносниот систем е разнишан и она што го следиме изминативе денови како од Антикорупциска, е дека практично многу од многу од вработените во овие институции велат дека се под одредени притисоци, посочи таа.

Стојкова Серафимовска посочи дека имаме закони, имаме институции, но најмногу зависи од раководството и би го посочила раководниот кадар и колку таму има меритократски систем.

– Ни треба рестартирање на системот, на целата држава ако сакаме да си ја средиме државата. Да видиме што е згрешено, каде е згрешено, да се прочистат сите институции затоа што во секоја институција има и такви кои работат, но ни треба и прочистување.  Доста се притисоци, доста е непотизам, доста се вработувања по фамилијарна, партиска основа, ни треба меритократија, кој за што го бива народски кажано, изјави пратеничката,

Стојкова Серафимовска нагласи дека во Македонија стратегиите не се имплементираат, нема здрава институција кој да ги имплементира, а ако институција се огласи дека власта е корумпирана, одма е нападната дека не чини.

– Американската амбасадорка излезе и кажа колку пари дале за судството, холандскиот амбасадор исто така излезе и кажа дека помагале, австрискиот амбасадор кажа, но каде е та помош и зошто сме на ова дереџе? Значи може кој сака да дојде, но од внатре ако не решиме дека ќе градиме држава, ќе бидеме одговорни, ќе мислиме на иднината на нашите деца.  Откако излегоа амбасадори, откако излезе Црната листа, антикорупционерите излегоа, а Артан Груби другиот ден ја нападна институцијата. Значи ако некоја институција каже дека некој од владата има проблем со корупција, тој не чини, рече Стојкова Серафимовска.

Во однос на уставните измени таа посочи дека власта е во заблуда, затоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за уставни измени под бугарски диктат, и ако бараат европски вредности, тоа не значи смениле став, туку дека бараат да владее правото на пример.

Ако јас кажам дека ги почитувам европските вредности и сметам дека таму ни е иднината кон имплементирање и почитување на тие европски вредности кои ќе ни донесат меритократија, владеење на право, одговорност, тоа не значи дека сум го сменила мојот став за уставни измени под вакви услови. Ако таквите изјави им создават на власта илузија дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе гласа за уставни измени, тогаш власта е во заблуда. 44 пратеници нема да гласаат за уставни измени.

Во врска со ситуацијата во Скопје, таа истакна дека во моментов наместо да се решаваат проблемите,  градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска се занимава со технички работи, што ги влошува состојбите и ги креира проблемите кои се докомплицираат за да дојдеме во состојба како во неделата цело Скопје да смрди од смет, сериозна закана за здравје.

Стојкова Серафимовска истакна дека очигледно е дека градоначалничката на град Скопје не знае да менаџира со градот и она што го ветуваше не може да го реализира.

– Самата таа застана позади една програма,  ветуваше најеколошки стандарди за депонија за Скопје и еве нема збор за ветувањето веќе две години.   Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на кои им се приклучи и градоначалникот од СДСМ од Центар се обидоа во моментот да го решат проблемот да помогнат, што еве гледавме дека наместо на соработка наиде на осудување. Ова беше целосно надвор од контрола, потенцираше таа.

Стојкова Серафимовска посочи дека наредната недела најавено е дека ќе има седница и треба да се побара одговорност од градоначалничката