„Оваа година ние дадовме три предлози, прво беше во февруари да отидеме на брзи предвремени избори. Ние баравме предвремени парламентарни избори уште во февруари со тоа што да се измени изборниот законик за да нема техничка Влада, да не ги оптоваруваме граѓаните. И на тие избори сите политички партии да настапиме со предлози како тоа да се надмине. Конкретно ние мислиме дека секое едно решение треба да поседува доминантно две работи, прво треба да има заштита на идентитетот на македонскиот народ и на граѓаните кои што живеат во оваа држава, а второ да имаме механизми за заштита“, нагласи Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Стојаноски додаде дека уставни измени да има во моментот кога ние согласно правилата на ЕУ ќе сме приморани да отвориме Устав за да го усогласиме домашното со европското законодавство.
„Ние одговор на меѓународни претставници им даваме исто како тоа што го општиме при средби со јавноста. Јасен е нашиот став, уставни измени под ваков диктат нема да има“, порача Стојаноски.
Тој посочи дека никогаш нема да уставни измени под бугарски диктат.
„ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник на анкетите, и на последнава имаме водство и сме пред СДС. Ние како политичка партија сме со 24% водство, а СДС е на 11%. Кога и да се случат тие избори ние ќе победиме убедливо“, дециден е Стојаноски.