05.04.2023

Стојаноски: Законот за солидарност е избрзано решение, ќе ги натера фирмите да земаат кредити за да ги плаќаат давачките кон државата

„Ние сметаме дека ова е избрзано решение кое што не е конструирано и дизајнирано како што треба за да ги даде максималните ефкти. Тоа е решение кое што само ќе го оштети кој што и те како е во една кревка состојба заради се она што се случува изминатите шест години и сметаме дека ваквите решенија треба да се прават многу посуштински и подетално во комуникација и со академската заедница, но и со оние кои што треба да го платат данокот“,  вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Тој во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат посочи дека од комуникации кои што  ги имал со компаниите кои што ги опфаќа овој данок, тие не се против да го исплатат тоа што дополнително го создале како профит, но на начин на кој што тие би биле инволвирани во самата постапка на дизајнирањето на ваквото законско решение, додавајќи во овој момент, смета дека ниту од академската заедница, ниту од општата јавност, но и од стопанството ваквото законско решение, за жал, не може да биде поддржано.

„Ако се направи анализа, ќе се види дека ова не е законско решение кое што се носи прв пат, на европскиот континет за прв пат е донесено во 2007 година во Ирска, но е единствен случај во светот овој кај нас што се воведува Закон за солидарност кој што ги опфаќа сите гранки на стопанството, а не оние кои што најмногу имаат профитирано. Конкретно, ако се направи споредба со законот во Хрватска каде што нашиот е пресликан, но додадени се плус работи, таму се фокусира исклучиво на енергетскито сектор заради енергетската криза, бидејќи навистина, тие компании имаа повисок профит“, рече Стојаноски.

Додека кај нас, додаде Стојаноски, овој закон ги опфаќа компаниите од сите сектори, а не само компаниите кои што периодов на енергетска криза направиле дополнителни профити поради покачените цени на енергенсите.

„Кај нас се случува во таа даночна наплата да влегуваат сите компании дури и од различни сектори. Затоа што прифодот е книговодствена  категорија, но тоа нема  врска со ликвидноста. Ние треба да водиме сметка за оние компании кои што поликвидни за да можат да го исплатата данокот, а не и онака кревкото стопанство да го натераме да зема кредит  за да плаќа давачки кон државата, а државата во овие моменти да не биде солидарна притоа затегнувајќи ги фискалните давачки од буџетот“, истакна Стојаноски.