Сакаме да слушнеме од владините претставници, односно од оние кои што се најповикани во случајот заменик на владата за координирање на економските сектори Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши кој е планот, кој е излезот од оваа кризна состојба, бидејќи власта некое време наназад освен тоа што прогласуваме кризни состојби не правиме ништо за да ги надминеме овие кризни состојби, вели Бојан Стојаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма.
На прашањето зошто пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се противи на заемот од 300 милиони евра, Стојаноски потенцираше дека никој не го кочи тој закон, но ВМРО-ДПМНЕ сака да биде вклучена во креирање на антикризните мерки се со цел парите да завршат во стопанството и граѓаните, а не во инстант фирми блиски до власта кои што се регистрирани веднаш откако ќе се отвори повик за јавна набавка.
Нема проблем, но ние сакаме да бидеме инволвирани во креирањето на антикризните мерки. Затоа што сметаме дека од пакет во кој што треба да бидат вложени 300 милиони евра, ние во комуникација со синдикатите, општините и коморите имам барања. И еве едно барање јавно ќе го соопштам сакаме да видиме дали во три 300 милиони евра на некој начин ќе бидат инволвирани општините преку тоа што училиштата ќе бидат тргнати од тој оптек на плаќање на индустриска струја односно ќе бидат ставени на регулиран пазар, или ќе бидат оставени на пресметка за струја исто како домаќинствата. Никој не го кочи тој закон, истакна тој.
На заеми кои што го носат името дека треба тие средства да бидат префрлени на ЕЛЕМ за финансиската ликвидност во услови кога компанијата и раководството на компанијата се теретат и сомничат за набавки во четири очи, за доделување на тендери во инстант фирми, ние бланко поддршка на такво позајмување нема да дадеме. Ние тие пари ќе ги дадеме ако знаеме дека ќе завршат за помош на стопанството и граѓаните, а не за Васко Ковачевски да ги доделува на фирми кои што немаат никаква врска со енергетика, кои се регистрирани веднаш откако ќе се отвори јавната набавка а кои што ќе добиваат тендери за 9,7 милиони евра, рече Стојаноски.
Стојаноски е дециден дека задолжувањето од 300 милиони евра ќе го поддржат само кога ќе увидат дека се инкорпорирани забелешките на ЗЕЛС, синдикатите и стопанските комори.
Законот за задолжување ќе помине во моментот кога ќе видиме дека во тие антикризни мерки на владата, односно во овие 300 милиони евра се инкорпорирани забелешките и на ЗЕЛС, како општини и тука не ги двојам дали се од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ или на друга политичка партија и на најголемите репрезентативи како синдикатите и стопанските комори, нагласи Стојаноски.