Ние како ВМРО-ДПМНЕ и како опозициска партија во парламентот, не сакаме да ги користиме внатрешните состојби во одредени партии. Напротив, ние како државотворна партија сме целосно посветени на економската и енергетската криза што на дело се покажа за време на вчерашниот ден на средбата на претседателот Мицкоски како експерт за енергетика, во Влада со цел да се помогне за нејзино надминување, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат, запрашана дали партијата ќе ги искористи состојбите на несогласувања во владејачката албанска партија ДУИ.
Во однос на најавите на независниот пратеник кој доаѓа од редовите на Движењето Беса, Кастриот Реџепи дека ќе се приклучи и ќе дејствува во рамките на пратеничката група на ДУИ, Стојаноска посочи дека за тоа треба власта да биде загрижена дека до сега неколку пати го сменил дресот, а во спорот секоја промена на дрес скапо се наплаќа.
„Во однос на пратеникот Реџепи кој најверојатно ќе премине во парламентарното мнозинство, на парламентарните избори во 2020 беше на заеднички листи со СДСМ, па после тоа смена страна и беше потписник на листата за пратеници за изгласување недоверба на владата, за сега пак да го смени дресот. Но, во спортот секое менување на дресот скапо се наплаќа, така да власта нека му ја мисли и таа нека биде загрижена за тоа“, рече Стојаноска.
Ние, вели Стојаноска, докажавме и покажавме дека сме подготвени да работиме во интерес на граѓаните и се што до сега стигнало во Собрание и што било во интерес на граѓаните, како на пример антикризните економски мерки за периодот на ковид пандемијата, за што дури и реагираше дека истите се задоцнети и дека многу порано требало да се изгласат.
Но од друга страна, додаде таа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, водат успешна блокада за се и за сите законски решенија кое во корист на власта, како на пример последно со изборот на уставни судии кои треба да бидат избрани лица блиски до власта.
Стојаноска додава дека освен активната блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание, владиното мнозинство има проблем и со самото себе, затоа што не може да си овозможи кворум за работа како што беше случајот за избор на директор за внатрешна контрола во Агенцијата за национална безбедност.
„Многу скоро беше, пред две недели, Комисија за одбрана и безбедност свикана, кога точка единствена на дневен ред беше онаа за назначување на директор на внатрешна контрола на Агенцијата за национална безбедност, каде колегите од Социјалдемократскиот сојуз не дојдоа да се започне седницата и тоа е само доказ дека некој друг управува со лицемерие и го користи лицемерието. Во однос на тоа дека ковид пакетите, сите ковид пакети и мерки од страна на опозицијата биле поддржани. Но, мора да потсетиме дека во голем дел беа задоцнети, ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека се задоцнети дека многу порано треба да се донесат тие пакети, вие теравте инает со ВМРО-ДПМНЕ за да после неколку месеци ги прифатите нашите предлози и тие пакети никогаш не биле блокирани. И со ова само потврдивте дека нашата активна блокада е успешна, затоа што во многу наврати изјавивте дека не сме имале успешна дебата.
Во првиот дел од успешната активна дебата, само еден закон помина. Тоа беше Законот за земјоделие и рурален развој и тоа да не бевме ние присутни од опозицијата и тој закон немаше да помини. Тоа значи дека е успешна блокадата и дека пратениците од опозицијата дискутираат и критикуваат онаму каде што држи место, како што тоа беше случај со избор на уставни судии, сеуште не може таа комисија да се заврши. За кризната состојба, ако мнозинството сметаше дека не треба да дискутира, дека не треба да прашува каде се потрошени. Ние три кризни состојби имавме и никој од мнозинството не запраша, зошто и кој е ефектот од тие кризни состојби за да сега повторно одиме. Рокот беше запазен но дискусијата да се скрати на пратеник на опозиција затоа што оваа власт е неспособна да се справи со кризата, затоа што ја продуцира кризата, не може да биде на сметка на опозицијата“, истакна Стојаноска.