„Власта прифатила промена на Устав, а за промена на Устав им требаат 80 пратеници, а без поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да биде, што значи треба да се разговара од нашата страна и двата предлози се сосема коректни“, истакна пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24.
Таа посочи дека промената со Уставот не значи крај со условувањата бидејќи договорот за добрососедство со Бугарија предизвика контраефект. Немаме никакво добрососедство и се нарушија односите. Бугарите побараа да бидат внесени во Уставот бидејќи видоа дека имаат лесна страна од другата страна за преговори.
„Година дена откако се усвои протоколот во Собранието нашиот став е непроменет и затоа велиме да не ја замајуваме јавноста да држиме во неизвесност или сомнеж“, кажа Стојаноска.
Стојаноска потенцираше дека власта ќе го купува сето ова време, еве цела година ја купуваат бидејќи по неуспехот со уставни измени треба да се иде на предвремени избори.
Таа е децидна дека македонскиот граѓанин го интересира секојдневието а секојдневието е немањето канализација, водоводна мрежа, инфраструктурата.
„Каде сме со корупцијата и криминалот кои ни се во секоја институција, било да е локална или централна власт тие се инкорпорирани и дали тука зависи условувања од Бугарија, Европска Унија или од самите ние“, вели Стојаноска.