Вие имате нелегитимен премиер, премиерот на кој избори победил и кој го гласал, сега го кажавте тоа, легитимитетот се црпи на избори, на кој избори Ковачевски го добил легитимитетот да ја води оваа Влада, посочи Дафина Стојаноска пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Објектив на МРТ.
Дополнително таа посочи дека е апсурдно нејзината колешка од СДСМ Калеска-Ванчева да збори за легитимитет кога двете изборни победи на СДСМ се според Стојаноска нелегитимни.
Не споменувате дека ја злоупотребивте пандемиската криза, кога сите беа дома вие делевте пакети, за таква победа зборувате или да ве навратам во 2016 кога легитимен ви беше премиерот, но не ви беше легитимна победата и затоа е добро што тука признавте, посочи таа.
Одговарајќи на Калеска-Ванчева, Стојаноска и постави прашање на кој избори, поточно во која изборна кампања тие ветија менување на уставното име и распродавање на националните интереси.
Во 2016та година Заев се колнеше во жици и во деца дека нема да го промени уставното име на оваа држава, затоа ви зборувам, не се повикувајте на легитимитет, одамна го имате изгубено или воопшто премиерот ви го нема легитимитетот за да ја води оваа држава, истакна Стојаноска.