01.02.2023

Стоилковски: СДСМ и удоволува на Бугарија, стражите на гробот на Делчев се резултат на револт на граѓаните кон владините политики и газење на црвените линии на Македонија

Како може да се доведе прославата  151 година  на раѓањето на Гоце Делчев за прв пат од 1946 година да биде безбедносно прашање од највисок степен? Што планира власта во однос на одбележувањето на 4ти февруари, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата Анализа на ТВ 24.

Стоилковски посочи дека стражите на грбот на Гоце Делчев на 4 февруари во цркавата Св. Спас се резултат на револт од страна на граѓаните кон владата на СДСМ и институциите бидејќи прават се за да и удоволат на Бугарија, а со тоа ги газат црвените линии на Македонија.

Патриотските стражи се резултат на граѓанството, не е само на Патриотскиот институт, затоа што имаат недоверба кон институциите бидејќи институциите го погазија сето она кое што треба да значи државна институција во насока на заштита на правата и заштита на оваа држава, смета тој.

Сето тоа е само реакција на недовербата на граѓаните кон државата и не се само членови на ВМРО-ДПМНЕ тие кои што велат јас ќе одам да го бранам гробот на Гоце Делчев. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат присутни ќе положат почит мирно и достоинствено, знаејќи дека било какво предизвикување на инцидент е во корист само на СДСМ, ДУИ и Бугарија и оваа влада која што гледа што повеќе да и удоволи на Софија газејќи ги црвените линии за кои се гласаше во парламентот, дециден е Стоилковски.