Погледнете која беше проекцијата од февруари на ММФ, тие тогаш објавија извештај за Македонија и за 2023 година во неговите проекции за приходите и расходите е за 500 милиони евра помала кај приходите од сегашната проекција на буџетот на владата, а кај расходите е уште поголема разликата од она што ММФ го има проектирано за Македонија. Овие проекции кои сега ги гледаме на владата за 2023 година, ММФ ги има предвидено кај приходите дека ќе се случат 2025 година, а за расходите дури 2026 година. Оттаму не може да се даде друга квалификација освен дека ова е инфлаторен, надуван, монструм буџет, изјави Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Студио 10“ на ТВ24.
Тој посочи дека ние 800 милиони евра планирани за капитални инвестиции сигурно нема да се реализираат и тука лежи резерва на владата за резерва на приходи преку ребаланси кои набрзо ќе излезат.
– Загрижува што фискалната политика нема намера да и помага на монетарната во сузбивање на инфлацијата. Колку е буџетот поекспанзивен, а рековме, дека е инфлаторен, толку треба да се затега монетарната политика од централната банка. Со инфлацијата не се прави многу, која е таа квалификација дека имаме ценовна стабилност кога инфлацијата е највисока од 1996 навака. Народна банка доцни со мерките, а вадата не и помага. Во моментов и фискалната и монетарната политика е експанзивни и тоа не оди. Треба штедење и намалување на непродуктивни трошоци, истакна тој.
Славески додаде дека ако продолжи ова темпо да имаме двојно поголема инфлација од еврозоната и ако не се намалува има притисоци за апрецијација на девизниот курс, тоа значи дека трошоците стануваат се поскапи, губиме конкурентност на пазарите.
– Треба да биде приоритет да се помогнат граѓаните, да не мрзнат зимава, а компаниите голем број се загрозени, не само заради цените на енергијата растат и други трошоци, така што не е розова ситуацијата не е розова како што владата ја прикажува, рече Славески.