06.03.2023

Славески: Владата на ДУИ поддржана од СДСМ се фали со раст на плати, а всушност ја намали куповната моќ на граѓаните и предизвика 20% инфлација

Кога станува збор за цените на основните прехранбени производи владата прави популистички мерки и ни носи подеднакво штета и ова ќе биде забележано во извештајот за напредок на Република Македонија“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Славески посочи дека имаме блиску 20% инфлација што е двојно повисока од онаа во еврозоната, а со тоа народот осиромаши.

Тој додаде дека владата го предизвика сиот овој неред и сега со уште поголем неред со вакви несоодветни интервентни мерки не оддалечува од патот на Европската Унија.

„Прашање е колку ќе опстои Владата за тоа да се зголемат и останатите плати затоа што видовме дека во неколку наврати кога се зголемуваше минималната плата од 15,200 денари на 18,000 и подоцна зголемување некое кое немаше врска со процентуалното зголемување и со колективните договори кои требаше да се почитуваат тоа дојде само онаму каде синдикатите беа доволно силни како во Образованието и Здравството да издејствуаат зголемување на минималната плата“, изјави Славески.

Славески истакна дека ниту еден колективен договор не е испочитуван, ниту е испочитуван и рокот од 6 месеци кој беше даден за усогласување на колективните договори. Владата не ги почитуваше не само законите туки не ги услгласи платите на своите вработени.

„Со ова темпо на зголемување на инфлацијата ако не успееме оваа година да ја симнеме инфлацијата барем на нивото што е еврозоната повторно ќе се наоѓаме во трка со платите и цените каде платите секогаш ја губат трката“, потенцираше Славески.

Тој е дециден дека растот на плати со кои толку се фали Владата на ДУИ поддржана од СДСМ статистички  е докажано дека всушнот е опаднато во просек за 5% во реална вредност. Куповната моќ на платите е пониска по сите зголемувања од она што беше пред неколку години.