23.02.2024

Силјановска Давкова: По основните документи на ЕУ, не смее прашањето за билатералните односи со Бугарија, да биде дел од Преговарачката рамка

Точно е дека претседателот е овластен предлагач на амандмани, иначе да повторам се шокирам кога слушам такви лаички изјави од типот, дека ќе продолжиме таму каде што ќе застанавме. Замислете новиот состав ќе продолжи таму каде што застанал претходниот. Тоа е непознат феномен на уставното право, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник во „Тема на денот“ на  Сител телевизија, говорејќи за ветувањата на СДС за уставните измени.

„Програмата е основ за постапување, што значи постапка ќе почне одново. Јас би можела да зборувам само доколку одлучам или доколку станам претседателка, па јас да предлагам измени, иначе би било тоа кршење на челото на поделба на власта, бидејќи во актуелниот пример предлагач на амандманите беше Владата“, рече таа. 

Силјановска Давкова додаде дека тезата само ако продолжите таму од каде што e застанато со амандмани, е дека сте проевропски настроена е многу погрешна. 

„Прво граѓаните ќе кажат за кого ќе гласаат, бидејќи тогаш во програмите ќе има се разбира и решение за уставните измени. Тезата дека се е завршено, преговарачката рамка е прифатена од сите и тука нема никакви измени не држи и го видовте тоа со примерот со Србија и со Косово“, појасни Силјановска Давкова. 

„Прашањето е во интерпретацијата имено што е можно, бидејќи денеска едно од најактуелните прашања во ЕУ, е опасноста од ветото и да се стави крај на ветото, кога се работи за политиката на проширување“, укажа таа.

Таа посочи дека по основните документи на ЕУ, не смее прашањето билатералните односи со Бугарија, да биде дел од преговарачката рамка. 

„Не смее разликата во поглед на ставовите да биде основ за посегање по вето“, нагласи таа. 

Силјановска Давкова појасни дека наједноставното сценарио за образот на ЕУ, како заедница втемелена на вредности, би било она кое што е врзано за оние скромни услови, во смисла на приближување на Бугарија и Македонија, бидејќи тоа е суштината на членот 8 од Лисабонскиот договор, каде што се вели дека ЕУ ќе поттикнува договори меѓу членките на ЕУ и соседите врз реципрочна основа, во смисла на чекор напред од Бугарија. Бугарија има судија во Судот во Стразбур, Бугарија е потписник на Конвенцијата, истото и ЕУ, значи сигурно дека за неа исто така важат пресудите.